Кафе муабет
Убавата буцка се преполови: Откако ослабна 80 килограми се појави во јавноста и ги “запали” социјалните мрежи со ова издание
Бојана се чувствува одлично во своја кожа...
Српската Адел, како што многумина ја нарекуваат поради моќниот вокал, прошета по црвениот тепих и со насмевка на лицето позираше пред насобраните фоторепортери, а погледите на сите ги привлече нејзиниот стајлинг како и целокупниот изглед.
Бојана Стаменов може да се каже дека го доведе до совршенство својот изглед.
Нејзината неодамнешна трансформација е едно од најголемите изненадувања на јавната сцена и еден од најголемите подвизи.
– Наеднаш колегите и пријателите почнаа да ми велат дека сега сум „мачка“, но сепак ми е смешно. Веројатно сега сум попривлечена, што знам. Но, јас никогаш не го правам првиот потег на полето на љубовта, мислам дека мажите се ловци кои први треба да и пријдат на една девојка, иако гледам дека денес тоа е многу променето. Не знам дали немаат храброст или жените се само многу подоминантни. Исто така, ми велат дека сум „алфа женка“, дека доминирам каде и да се појавам и дека мажите можеби се плашат да ми пријдат. Еве една порака за нив – сепак е послатко кога момчето и приоѓа на девојка отколку обратно и не плашете се бидејќи обично оние кои се најдоминантни се всушност и најнежните. Во основа сме мачки – изјави неодамна Бојана за „Стори“.
Бојана Стаменов единственото решение го пронајде во диетата која и помогна да ги надмине новите здравствени проблеми.
Исхраната на Бојана Стаменов се состоеше од пилешко, јајца, риба, салата, овошје, сето тоа по однапред утврден режим, истовремено активно тренираше и разговараше со својот тренер дали во текот на денот била под стрес.
Сето тоа заедно и помогнало да изгуби 80 килограми, со кои се пофалила со појавување на јавен настан. Речиси сите останаа без зборови кога ја видоа.
Таа се појави во Белград, на официјалната премиера на ремастерираниот филм „Титаник“ рефлектиран во салата на МТС во Белград и ги воодушеви сите присутни со својот изглед.
Таа за оваа пригода облече многу впечатлив црн плисиран фустан на кој посебна доза на гламур му дадоа ѕвонарските ракави, а елегантното издание го заокружи со широк појас со гломазна златна тока и светкави сандали на високи потпетици.
Совршено стилизираната бујна фризура и дискретната шминка која се покажа како одличен избор беа причина за пејачката да добие многу комплименти и сите се согласуваат дека насмевката на нејзиното лице доволно говори за тоа како таа се чувствува во сопствената кожа во моментов.