MAMA
Трудници внимателно, го има во чоколадо, чај и кафе, новата студија открива што може да ви наштети во текот на бременоста
Повеќето бремени жени консумираат кофеин, кој го има во некои газирани и енергетски пијалоци, кафе, но и чоколадо и ча
Доколку сакаат да избегнат спонтан аbортус и предвремено раѓање, бремените жени треба да избегнуваат кафе, открива ново истражување за кофеинот и бременоста.
Според официјалните упатства во Велика Британија, САД и Европа, безбедна доза кафе за време на бременоста се смета за две чаши кафе со средна јачина на ден, но новите истражувања предупредуваат дека тоа треба во целост да се практикува.
Имено, истражувачите анализирале повеќе од 1.200 студии за ефектот на кофеинот врз бременоста и откриле дека, како резултат на потрошувачката на кофеин во бременоста, „постои зголемен ризик од најмалку пет негативни исходи од бременоста, како што се спонтан аbортус, пониска родилна тежина, акутна детска леукемија и прекумерна телесна тежина и детска дебелина “, се вели во прегледот на студијата објавена во списанието BMJ Evidence-based Medicine.
Повеќето бремени жени консумираат кофеин, кој го има во некои газирани и енергетски пијалоци, кафе, но и чоколадо и чај.
„Тековните препораки не се во согласност со доказите за штетност и треба радикално да се ревидираат“, предупреди професорот Џек Џејмс од Универзитетот во Рејкјавик.
„Доказите сугерираат дека бремените жени треба да избегнуваат кофеин“, додава тој.
Џјмс забележува дека осум од деветте студии за кофеин и аbортус покажале „значајно здружување“. Некои сугерираат дека конзумирањето на кофеин го зголемила ризикот за третина, додека други сугерираат дека ризикот се зголемува со секоја дополнителна шолја кафе.
Седум од десет студии известуваат за поврзаност со мала тежина при раѓање.Британското здружение за кафе ги повикува бремените жени да се придржуваат кон постојните упатства.
Бремените жени кои не се откажале од пушењето и пиењето за време на својата бременост тоа најчесто го прават во приватност, покажуваат податоците според една нова студија спроведена на Универзитетот во Кардиф.
Научниците откриле дека негативните реакции кон жените кои пушат и консумираат алкохол во бременоста кај нив влијаат иритантно и ги оттуѓува.
Според неодамна собраните податоци, повеќе од една петтина од жените во Велс пушеле во времето кога дознале дека биле бремени. Исто така, жените вклучени во оваа студија, кои пушеле цигари, откриле дека имале непријатни искуства со акушерките кои им дале совети за здравјто во бременоста со „осудувчки тон”, поради што и тие изгубиле верба да побараат совет и поддршка од овие лица. Некои од нив и негативно гледаа кон своите партнери.
Многу истражувачи, пушачи и непушачи, рекле дека пушењето во приватноста е прифатливо во бременоста, што е спротивно на нивното гледиште за пушење во јавноста.
„Моралните пресуди насочени кон идни мајки се главно поврзани со тоа како бремените жени се однесуваат кога станува збор за здравјето, а мајките на работничката класа се особено критични “, вели д-р. Аиме Грант од Универзитетот во Истражувачкиот центар Кардиф и додаде дека студијата открила дека коментарите на другите мајки се сметаат за иританти, поради тоа овие трудницит не бараат помош. „Никој не сака да го осудат и да се засрами”, додаде др.Грант.
На жените обично се препорачува да не пушат за време на бременоста, бидејќи хемикалиите во цигарите му штетат на плодот и го ограничуваат снабдувањето со кислород.