Кафе муабет
Тој го уkpaде нејзиното срце: Анастасија сподели видео со кое paзнежни многумина- еве што прави кога е дома со семејството!
Анастасија најпрво откри дека ја фати пролетен замор, а потоа објави видео со својот малиот Жељко и разнежни многумина...
Уште кога се оствари во улога на тетка пејачката Анастасија Ражнатовиќ не ја криеше радоста. Таа е многу приврзана со внучето Жељко кое го добија нејзиниот брат Вељко и неговата избраничка Богдана Родиќ.
Taa редовно се фали на социјалните мрежи со малиот Жељко а сега уживаше играјќи се со нејзиното внуче, кое ја укpaде целата нејзина љубов а сето тоа го сподели на Инстаграм со своите следбеници.
Анастасија најпрво откри дека ја фати пролетен замор, а потоа објави видео со својот малиот Жељко и разнежни многумина.
Најпрво малиот Жељко играше на креветот, а Анастасија го нарече „Чупко“.
Веднаш потоа, таа објави видео во кое рече дека Жељко е многу тежок а во позадина се слуша смеата на фолк sвездата Цеца Ражнатовиќ.
„Ах, ќе ми падне колку е тежок“, рече таа и ги насмеа сите.
– Глувче црвено, но тешко како теленце – напиша Анастасија.
Да потсетиме, Богдана Ражнатовиќ се породи на 3 јуни минатата година, а бидејќи од родителите доби куќа со голем двор, таа и Вељко решија да започнат да живеат во Тител, далеку од градските гужви, поради нивниот наследник.
Судејќи по фотографиите кои постојано ги објавуваат на социјалните мрежи, малиот Жељко е главниот во семејството кои ги забавува сите членови и буквално ги освои срцата на домашните но и на фановите на семејството Ражнатовиќ