Кафе муабет
ТОРТА ОД 15- ката, ВЕНЧЕНИЦА ОД 20.000 €! Сите детали за свадбата на Катарина Грујиќ и Гобељ, а еден ќе ве ШОКИРА
Денеска е гала свадбата...
Во познат хотел во Белград денеска ќе се одржи гламурозната свадбена веселба на Катарина Грујиќ и Марко Гобељиќ, а како што се пишуваше претходно се очекуваат околу 500 гости.
За свадбата пејачката и фудбалерот сериозно го отвориле ќесето па на гостите ќе им биде послужена најскапата храна и пијалоци, како и торта од 15 ката, а невестата ќе носи фустан од 20.000 евра.
Имено, по црковната венчавка која ќе се одржи во храмот Свети Сава, гостите ќе се упатат кон хотелската сала, каде се ќе биде беспрекорно украсено. За добрата забава ќе се погрижи оркестарот на Аце Софронијевиќ, но невестата очекува во подигнување на атмосферата со својот глас дополнително да придонесат и нејзините гости, колеги од естрадата.
– На мојата свадба ќе биде половина од естрадата, па се надевам дека секој од нив ќе отпее барем по една песна – низ смеа рекла невестата.
Младоженецот ќе носи одело но затоа, г-ѓа Грујиќ Гобељиќ ќе смени три венчаници.
-Ката на црквената церемонија ќе носи раскошна долга венчаница од албанскиот дизајнер Валдрин Сахити, која чини ни помалку ни повеќе, туку 20.000 евра! Со неа ќе носи специјално направена пунџа – открил извор близок до пејачката.
– После тоа ќе облече друг фустан со различен крој. Ќе биде долг и тесен, а го потпишува Хусо Чорбиќ, нејзиниот долгогодишен дизајнер од Босна. Тој и направи и трет, секси и краток мини венчален фустан, кој ќе го носи за самиот крај на веселбата која ќе прерасне во забава, а за која се надеваат дека ќе трае до крајот на ноќта.
Само ден пред свадбата, Ката го посетила својот долгогодишен фризер Пеџа Божич, кој и ја обоил косата во малку потемна нијанса.
По тој повод ги испробаа сите фризури кои пејачката ќе ги носи денеска, од оригиналната пунџа до пуштена и, на крај, виткана коса со посебен накит на главата.
Пејачката откри и дали е нервозна пред да почне венчавката.
– Трема? Знаете Марко е веќе мој, мој е! Ние сме веќе во брак. Се надевам дека се ќе биде како што замислив, не знам. Веројатно ќе бидам нервозна сега кога се ќе почне – изјави Катарина Грујиќ за српски Курир.
На социјалните мрежи веќе може да се најдат фотографии од куќата на Катарина која е богато украсена по повод денешната забава.
– Минатата година имавме граѓанска венчавка. Сега остана црквата и таа голема забава. Едвај чекам, подготвив три венчаници, торта, украси… Само гостите не зезаат, некои се додаваат, некои се одземаат, па може да има проблеми – рече Катарина, минатата недела.