Кафе муабет

Тијана Дапчевиќ мета на критики: “Направи ги тие заби”- пејачката брутално одговори на лошите коментари

Тијана одговори во нејзин стил...

Јавните личности често пати се мета на критики и тоа најмногу поради физичкиот изглед.

фото инстаграм/Тијана Дапчевиќ

Оние дежурните критичари често пати коментираат во негативен контекст колку и да се работи за успешна личност, мора да се најде нешто како што би се рекло народски “боде очи”.

фото инстаграм/Тијана Дапчевиќ

Во таква ситуација се најде и нашата пејачка Тијана Дапчевиќ, која на својата инстаграм сторија сподели дека корисниците на социјалните мрежи постојано ја критикуваат поради нејзините заби.

фото инстаграм/Тијана Дапчевиќ

– Забележав дека имате неопислива потреба да ми напишете: „Тијана, поправи ги долните заби“. Сега, тие мои долни заби се мој заштитен знак. Значи, оние моите нерамни, неправилни долни заби се мој заштитен знак. Проблемот е што често добивам забен камен, а кога ми се појавува, изгледа како да немам заби, страшно е – започна пејачката и додаде:

фото принтскрин

– Ја сакам мојата неправилност и дозволете ми да бидам неправилна. Не може секој да има бели заби А1, керамика Младеновац, извинете. Ги сакам моите криви заби, тие се само криви, ништо друго. Оставете ме на мира – рече таа.

фото принтскрин

Инаку Тијана Дапчевиќ неодамна откри дека пред три години се соочила со голем проблем кој предизвикувал нарушување на нејзиното здравје.

фото инстаграм/Тијана Дапчевиќ

Таа се соочила со сериозен облик на проширени вени што ја довел до бројни компликации, а болеста на била толку проблематична што на крајот ја одвела на операција.

фото инстаграм/Тијана Дапчевиќ

– Имав крофни на нозете. Тоа се случува кога ѕидот попушта, а во еден момент мојот попушти, а јас го карактеризирав како да имам крофни на нозете. Сепак, тоа не беше единствениот проблем. Нозете ми беа отечени, имав болки, ноќе ме будеа грчеви… Кога правев доплер, докторот ми рече:

фото инстаграм/Тијана Дапчевиќ

„Ова требаше да го направиме пред една година, не знам што чекаше. “ – објаснила пејачката, а болеста на Тијана Дапчевиќ во тие моменти и носела се повеќе проблеми додека не одлучила да се оперира.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

– На шега знам да кажам: „Мамо, од тебе не наследив куќа, ниви, кули и градови, туку проблем со вените“, се пошегува пејачката, но болеста на Тијана Дапчевиќ не беше шега. Како што објаснила самата операција не била комплицирана, а и помогнала да реши долгогодишен проблем. Операцијата била направена под локална анестезија, па таа со оглед на тоа дека била будна разговарала со докторот и пеела.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

– Двете нозе под локална анестезија и јас, фала богу, немам повеќе проблеми. На секој што е нормален му се чини како комарец да го каснал, но јас не сум нормална па, се ослободив од огромен проблем, првенствено здравствен, а потоа и естетски и сега можам да носам кратки здолништа – заклучила Тијана.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close