Дом и семејство
Тијана Дапчевиќ го покажа синот Вук: Kопија на мама, порасна во вистински лепотан(ФОТО)
Тој е нејзина гордост...
Нашата позната пејачката Тијана Дапчевиќ и нејзиниот сопруг Милан во брак се повеќе од 20 години.
Имено во една прилика пејачката прозборе за својот брак па истакна дека таа и нејзиниот сопруг Милан не ги поминуваат своите годишнини на посебен начин, но дека се обидуваат да ја негуваат врската секој ден, наместо еднаш годишно.
– Ние славиме љубов секој ден, не само еден ден во годината- вели таа.
Тие се запознале на една кошаркарски натпревар, и по само четири дена излегување решиле да започнат заеднички живот.
Но за разлика од Тијана, Милан е човек од сенка.
Него ретко можеме да ги видиме во нејзино друштво на јавни настани, па и на фотографиите што таа ги објавува на социјалните мрежи.
Како што објасни пејачката во една пригода за еден портал, тој и додека и’ бил продуцент секогаш бил во фазон таа да оди некаде, а тој да не се појавува никаде. Таа тогаш истакна и дека својата приватност не ја чува баш толку, но и дека не дозволува никому да се меша во нејзиниот живот.
Тие го имаат тринаесетгодишниот син Вук кој е слика и прилика на популарната пејачка, од која веќе е забележително повисок, а исклучителната сличност дополнително ја истакна и „лежерниот“ начин на облекување.
Тијана често на социјалните мрежи објавува фотографии од синот единец со емотивни описи, па овој пат во свој стил му го честиташе 13-тиот роденден на Вук.
-Сине мајкин‼ Среќен ти 13-ти, биди здрав и среќен те сакаат мама и тато.
П.с. сега си ТИНЕЈЏЕР, тоа е официјално.
Неодамна ова дуо беше видено на прошетка, а колку што Вук неодоливо потсетува на мајка си, толку ги воодушевува нејзините обожавателки.
Тијана во едно од своите последни интервјуа зборуваше отворено за мајчинството, кога истакна дека се грижи за синот да го изведе на вистинскиот пат, бидејќи на младите денес сé и сешто им е достапно.
Порано се плашев, бидејќи денес на децата сé им е достапно. Но тој од мрежите има само ТикТок, и тука не виси по цел ден, туку оди на спорт, се занимава со школо и други работи. Убаво е воспитан, нема моменти да ми каже дека го замарам или да ме исфрла од својата соба.
„И бескрајно ме забавува, има генијални идеи“, изјави Тијана, па откри и како тој ја има запишано во неговиот телефон.
„Женска родителска фигура, му беше до скоро, и секако дека го натерав тоа да го смени“, изјави таа и додаде:
„И сега не сум мама туку Тијана“, раскажа пејачката во една емисија.