Кафе муабет
Тања Савиќ фати бизнисмен од Смедерево: Пејачката посреќна од било кога- еве за кого се работи
Таа е среќна и исполнета...
Во јавноста на големо се шпекулира дека пејачката Тања Савиќ наводно пред три месеци започнала романса со разведен бизнисмен од Смедерево.
Тања го запознала својот наводен партнер на забава кај заеднички пријател.
„Тања не сака да зборува за своето момче и за нејзиниот љубовен живот воопшто. Таа пред три месеци започна врска со бизнисмен од Смедерево, кого нејзините пријатели го нарекуваат Лола. Се разведе пред една година, има ќерка тинејџерка, а неодамна ја запозна Тања“, рекол неименуван извор за Стар и додал:
„Тој и посветува многу внимание, но и разбирање. Тој се запознал и со семејството на Тања, кои се воодушевени од него. Има 40 години, навистина се заљубил во Тања и сака да изгради нешто сериозно со неа. Тие двајца се познаваат повеќе од десет години, но никогаш немале никаков интимен контакт. Кога ќе се сретнале, се поздравувале и тоа до пред три месеци. Тој и Тања се запознале на роденденска забава на заеднички пријател и ја поминале цела ноќ во муабет“.
Истиот извор додава дека пејачката и бизнисменот вечерта размениле броеви, а се виделе седум дена подоцна.
„Разменија броеви и тој тргна во акција. По една недела ја изнел Тања на вечера и почнале врска. Многу и значи тоа што конечно е среќна во љубовта, бидејќи по сета агонија со Душан, а потоа и со Драшко Станивуковиќ, сега е мирна и спокојна. Синовите постојано се со Тања, па многу време поминуваат и со Лола, кој го обожаваат. Засега, колку што знам, тој и Тања не живеат заедно, но не би ме чудело ако наскоро започнат заеднички живот. Има сериозна работа и не сака да биде изложен на медиумите“ истакна изворот.
И самата Тања неодамна истакна дека конечно е смирена и среќна па посочи и дека по целата агонија низ која помина смета дека заслужува да биде сакана.