Кафе муабет

Тања Савиќ искрено за бракот со Душан: Имав среќа што избегав од него!

Не можеш да го смениш партнерот, како што јас не можев да го сменам мојот...

Пејачката Тања Савиќ реши да го сподели своето искуство од бракот со нејзиниот се уште законски сопруг Душан Јованчевиќ.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Таа реши јавно да прозбори на тема манипулација и истакна дека долго време се борела да го промени својот партнер, но не успеала.

foto instagram
фото инстаграм/Тања Савиќ
фото Инстаграм/Тања Савиќ

– Она што најпрво би го спомнала на темата мажи и манипулации, е дека ние жените стануваме зависни од нивната таканаречена љубов, а всушност тоа не е љубов, туку лажици љубов, кои тие, за жал, ни ги даваат. Што може да ве спаси од таква врска? Не можеш да го смениш партнерот, како што јас не можев да го сменам мојот. Тие никогаш нема да се променат, тие се такви луѓе, едноставно тоа е нивниот карактер и нема промена – вели Савиќ.

фото инстаграм/Тања Савиќ
фото инстаграм/Тања Савиќ
фото инстаграм/Тања Савиќ

Таа испрати важен совет до сите жени.

– Она што можете да го направите е да се спасите. Или ќе страдаш, ќе се разболиш и ќе добиеш некоја ментална болест, а подоцна некој ра-к, тоа така оди. Или ќе бегаш со без разлика на се. Па јас го избрав второто, иако мене и ситуацијата ме спаси донекаде. И оваа корона ми донесе нешто добро, можеби никогаш немаше да го препознаам мојот манипулатор, појма немам. Не трпи психичко или физичко насилство, психичкото насилство понекогаш знае да биде полошо од физичкото – рече Тања во емисијата „Магазин Ин“.

фото инстаграм/Тања Савиќ
фото инстаграм/Тања Савиќ

Најголема поддршка најде во брат и!

Имено по агонјата која ја доживеа со својот се уште легален сопруг Душан Јованчевиќ, пејачката сега ужива со своите синови кои успеа да ги врати во родната Србија.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Тања на големо се врати на работата. Пејачката постојано објавува видеа на својот Инстаграм профил од што може да забележиме дека работи со полна пареа. Но она што е нтересно е дека речиси секогаш со нејзе на настапите е нејзиниот брат во кој ја најде најголемата поддршка по целата ситуација низ која минуваше.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Душан ја обвинуваше дека е лоша мајка!

Пред извесно време Душан ја обвини пејачката за малтретирање на нивните синови психички и физички. Изјавил дека Тања им забранува да разговараат со нивниот татко, и ги тепа како и дека им се заканува да не му ја кажуваат вистината.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Како доказ за неговите тврдења дека Тања, наводно, го изгребала нивниот син, тој на новинарите им испратил фотографии од детето, покажувајќи дека има лузна што изгледа како да е од многу порано.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Тања Савиќ се огласи по овој повод.

– Знаеме што прави и тој најави дека ќе изјави се за медиумите. Ние знаеме како тој функционира и каква е неговата ментална состојба и не ми е јасно како не ви е јасно на вам новинарите и како верувате на човек кој има нарушување на личноста. Пред некој ден ми се јави и ми рече „Те сакам, чекај ме, сакам да дојдам и да живеам со тебе“, одговорив дека не доаѓа предвид, дека може да ги гледа децата, но дека јас навистина не сакам да имам ништо со него. Вети дека ќе се смени, но има образ како ѓон и јасно е за каков човек станува збор- рече Тања и додаде:

фото инстаграм/Тања Савиќ
фото инстаграм/Тања Савиќ

– Јас сум најдобриот денес, утре сум најлошиот. Денес, тој нè сака и обожува и ни симнува sвезди, а потоа е манипулатор. Не би продолжила, сакам мирен живот. Децата се во ред со мене, не им недостасува ништо. Важно е тие да бидат стабилни, да не бидат агресивни, да не фрлаат работи низ куќата како што беше случај порано. Други деца беа кога дојдоа. Тие сами си играа таму, нивната баба се грижеше за нив и тие не беа социјализирани, а сега се е поинаку и споделуваат сè со своите пријатели, ги почитуваат постарите лица, а претходно не знаеја што значи тоа. Правам се што е можно за д апоминуваат време надвор, нема повеќе игри, за разлика од татко им кој им даваше само игри, ги заклучуваше во куќата и така пораснаа. Животот во селото е најздрав за децата – изјави пејачката за „Блиц“.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close