MAMA

Тажната приказна што се крие зад жената што ги има најдолгите нокти на светот

Диана не посетила салон за нокти повеќе од 22 години

Жената која ги има најдолгите нокти на светот отворено почна да зборува за тоа каков е нејзиниот живот навистина и со какви предизвици се соочува во текот на денот со комбинирана должина на нокти од 1.306,58 сантиметри.

Таа вели дека веќе 22 години не била во салон.

ФОТО: Принтскрин/Диана Армстронг

Жената која го сруши Гинисовиот рекорд за најдолги нокти на пар женски раце зборуваше отворено како го живее своето секојдневие со должина на нокти приближна на школски автобус.

Диана Армстронг од Минесота, САД, ги растела своите нокти повеќе од 25 години. Нејзиниот најдолг нокт се наоѓа на нејзината десна рака и е долг 138,94 сантиметри, додека на левата рака е најзиниот најкраток нокт кој е долг 109,2 сантиметри.

ФОТО: Принтскрин/Диана Армстронг

Дијана последен пат ги исекла своите нокти во 1997 година, кога ветила дека никогаш повторно нема да ги сече ноктите, откако страшна трагедија го погодила нејзиното семејство.

Тој ден за Диана почнал како секој друг ден, почнала да ги буди децата, да станат од кревет, додека таа отишла до продавница да купи храна и потребни намирници. Додека пазарела добила телефонски повик од нејзината најмалада ќерка која и кажала дека нејзината друга ќерка 16 годишната Латиша не можат да ја разбудат.

ФОТО: Принтскрин/Диана Армстронг

Нејзината ќерка починала во сон од напад на астма.

Латиша била последната личност која ги средила нејзините нокти. Диана која имала долги нокти во тоа време, секоја недела правела маникир, кој и го правела нејзината ќерка Латиша.

ФОТО: Принтскрин/Диана Армстронг/Гинисока книга на рекорди

Нејзините други деца постојано ја убедувале да ги исече и изманикира ноктите, но кога им ги објаснила своите мотиви во врска со не правење маникир, ја разбрале и се согласиле со нејзината одлука.

Диана објаснила дека долги години се борела со депресија и дека растењето на ноктите и претставувало начин да ја одржува својата ќерка во мислите.

 

ФОТО: Принтскрин/Диана Армстронг/Гинисова книга на рекорди

Диана зборуваше и како се соочува со секојдневните предизвици како на пример вели дека:

-Имам проблем со закопчување на патент од панталони или јакна. Можам да отворам лименка но само доколку имам нож во близина. Порано возев и автомобил, но раката мораше да ми биде надвор од прозорецот, затоа и веќе не возам.

-Во јавни тоалети морам да го користам најширокиот тоалет, кој најчесто е помал од должината на моите нокти-додаде Диана

ФОТО: Принтскрин/Диана Армстронг/Гинисова книга на рекорди

-За секој нокт ми треба околу 10 часа да го средам и излакирам. Ги средувам еднаш на секои четири до пет години, и за тоа ми се поттебни 15 до 20 шишиња на лак за нокти. Ги лакирав минатата недела и ми одзема четири дена-објасни таа-пишува Миррор.

Предизвик за Диана е лакирањето на ноктите да го прави сама, па затоа во тоа и помагаат нејзините внуци кои уживаат во лакирањето на нејзините нокти во различни бои.

ФОТО: Принтскрин/Диана Армстронг/Гинисова книга на рекорди

Откако таа официјално доби признание од тимот на Гинисова книга на рекорди претходно оваа година, Дијана најпрво мислела дека се работи за шега, но сега е горда на својот успех и верува дека и Латиша би била горда на неа исто така.

ФОТО: Принтскрин/Диана Армстронг/Гинисова книга на рекорди
ФОТО: Принтскрин/Диана Армстронг/Гинисова книга на рекорди
ФОТО: Принтскрин/Диана Армстронг/Гинисова книга на рекорди
ФОТО: Принтскрин/Диана Армстронг/Гинисова книга на рекорди
ФОТО: Принтскрин/Диана Армстронг/Гинисова книга на рекорди за 2023 година

Извор: Мирор, Гламур

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close