Кафе муабет

Таа е најмоќната жена во Холивуд: Била силу.вaнa кога имала само 9 години, на 14 родила син кој и пoчинaл- ТЕШКАТА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА НА ОПРА ја направи тоа што е денес

Важи за најуспешна жена во светот...

Кога ќе се спомене името Опра Винфи веднаш се добива асоцијација на една од најплатените водителки во светот.

фото инстаграм/Опра Винфи

Иако денеска важи за најмоќната жена во Холивуд која буквално го освои светот, сепак како мала доживеала вистинска драма, но тоа не ја спречило да стане број еден жена во светот.

фото инстаграм/Опра Винфи

Откако доживеа тешка судбина и го загуби своето дете на 14 години, водителката вети дека нема да има деца и така остана.

фото инстаграм/Опра Винфи

Сепак, сите нејзини деца се оние за кои се грижела како вистински родител. Својот живот го посвети на борбата за правата на жените, а најгласна беше кога се бореше за злоставуваните жени.

фото инстаграм/Опра Винфи

Опра Винфри, е родена во 1954 година во трошна дрвена куќа, како вонбрачно дете на сиромашен, невработен тинејџер.

фото инстаграм/Опра Винфи

Кога зборуваме за нејзиниот живот, слободно може да се каже дека тоа може да биде инспирација за снимање филм. И покрај тоа што како дете преживеа вистинска драма, таа стана една од најпопуларните водителки и највлијателните жени во светскиот шоубизнис.

фото инстаграм/Опра Винфи

Нејзината кариера која трае повеќе од 30 години ја одбележаа моќни интервјуа на светски познати актери, музичари, колеги новинари, политичари и може да се каже дека таа е единствената жена која покажа дека за неа никој не е недопирлив.

фото инстаграм/Опра Винфи

Едно од последните интервјуа кое направи вистински бум беше интервјуто со Меган и Хари, за кое и една година подоцна се уште се зборува, а не е чудно зошто Опра е сè уште број 1 кога станува збор за такви работи.

фото инстаграм/Опра Винфи

Иако Опра на многумина им е позната како секогаш насмеана, многу талентирана и образована жена, упорна и истрајна, нејзината животна приказна не беше ни малку едноставна.

фото инстаграм/Опра Винфи

Опра е родена во голема сиромаштија.Таа го поминала своето детство со својата баба на фарма во Косијаск, сиромашен град каде што се уште не биле пристигнати современите погодности како што се снабдувањето со вода и телефоните.

фото инстаграм/Опра Винфи

Кога наполнила 7 години, се преселила да живее со нејзината мајка во Милвоки. Сепак, нејзините маки не завршија тука. Таа дошла во ново семејство, бидејќи во меѓувреме нејзината мајка се омажила и со новиот сопруг добила син и ќерка. Таму преживеала тешка тортура, па решила да се пресели кај нејзиниот татко. Наместо благосостојба, следеше нов пекол.

фото инстаграм/Опра Винфи

„Сеуште се сеќавам на моето детство во Милвоки и на мајка ми со која примавме социјална помош и понекогаш ни требаше помош само семејството да може да преживее. Во вакви моменти како сега, многу семејства се загрозени“, напиша Винфри на својот профил на социјалните мрежи.

фото инстаграм/Опра Винфи

Во нејзиното ново семејство, Опра преживеала ужасни искуства. Вујко и со години сек.суално ја злоставувал. Се започнало кога имала девет години, а страшното насилство траело цели 13 години. Поради траумата што ја доживеала, одлучила дека никогаш нема да стане мајка.

фото инстаграм/Опра Винфи

На 14 години останала бремена како резултат на силување. За да стави крај на бременоста Опра „испила детергент“. И цело време таа ги имаше на ум зборовите на нејзиниот татко:

– Ми кажа дека повеќе би сакал да ја види својата ќерка како плови во реката Камберленд отколку да го срами семејството со тоа што ќе роди вонбрачно дете. Додека ми го кажуваше тоа, видов дека единствениот излез е сам.оуб.иството – изјави еднаш водителката.

фото инстаграм/Опра Винфи

Таа се породила предвреме, а синот го крстила Кенан. За жал, бебето поч.ина, а водителката никогаш не откри каде го закопала.

Сепак, се чини дека животот има големи планови за Опра. За нејзиното образование платил татко и, таа била одлична ученичка, учествувала на многу натпревари, а во една прилика успеала да добие стипендија на Универзитетот во Тенеси, каде студирала комуникации.

фото инстаграм/Опра Винфи

Кога имала само 17 години, Опра почнала да работи на радио а набрзо се одлучила на чекор кој го шокирал нејзиниот татко. Ги напуштила студиите и започнала новинарска кариера.

фото инстаграм/Опра Винфи

Во 1976 година, таа одлучи да се пресели во Балтимор, каде што се вработи во WJZ-TV News. На почетокот работела како репортер, а кога започнала попладневната емисија „Луѓето зборуваат“, која се прикажувала на таа станица од 1980 до 1993 година, Опра за прв пат седнала на столот на ток-шоу како една од презентерите.

фото инстаграм/Опра Винфи

Не помина долго, а публиката го препозна тој совршен талент. Таа го доби своето оригинално шоу на 8 септември 1986 година. „Шоуто на Опра Винфри“ многу брзо ги освои срцата на публиката ширум светот.

Следниот голем чекор во нејзината кариера беше лансирањето на каналот „OWN“. Опра брзо ја доби довербата на гледачите. Таа со своето шоу започна вистинска револуција на американските и светските телевизиски екрани. И покрај тоа што стана мегапопуларна ѕвезда, Опра покажа дека е многу благородна и добра душа.

фото инстаграм/Опра Винфи

Таа создаде бројни хуманитарни организации и е позната по тоа што им помага на сиромашните деца низ Африка.

Опра Винфри за време на пандемијата од коронавирусот објави дека ќе донира 10 милиони американски долари за поддршка во борбата против корона вирусот во Соединетите држави.

фото инстаграм/Опра Винфи

„Јас ќе донирам 10 милиони долари за да им помогнам на Американците во оваа пандемија во градовите низ целата земја и во областите каде што пораснав“, напиша таа.

фото инстаграм/Опра Винфи

Инаку Опра Винфри и нејзината долгогодишна љубов Средман Греј се во „врска“ уште од 1986 година.

Таа во една колумна призна дека ако се омажела за Греj (68), „немале да бидат заедно толку долго“.
Опра признала дека некогаш сакала да се омажи за Греј, но кога тој и предложил брак во 1993 година, таа брзо сфатила: „Моите емисии се приоритет, и двајцата го знаевме тоа“.Само сакав некој да ме запроси, но не и да се омажам.

фото инстаграм/Опра Винфи

“Сфатив дека навистина не сакам брак. Само сакав тој да ми предложи. Сакав тој да биде, но не сакав да се жртвувам, да направам компромиси за да го направиме нашиот брак успешен. Моите емисии беа мојот приоритет и двајцата го знаевме тоа. Тој и јас се согласивме за една работа: ако стапивме во брак, не би биле заедно денес “, објасни Опра.

фото инстаграм/Опра Винфи

За тоа како „преживеале“ во заедницата во текот на сите овие години, Опра рече дека тоа е затоа што тие се развиваат индивидуално, и дека обајцата веруваат дека партнерството има за цел духовен раст и за двајцата партнери, пренесува People.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close