Кафе муабет

Страшни фотографии што убиецот ги објавил пред масакрот на СОЦИЈАЛНИТЕ мрежи – нови детали за крвавиот напад!

Стуткан лист хартија и вознемирувачка фотографија...

Профилите на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм на Коста К. (14) од Белград, осомничен за масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во кое беше убиено осум ученици и работник на обезбедувањето, а рането уште шест ученици и една учителка, мистериозно се исклучени околу 13 часот, пишуваат српските медиуми.

Станува збор за профилите со негово име на Фејсбук и Инстаграм кои од социјалните мрежи исчезнаа истовремено.

И двата профила беа со името на момчето, а на нив имаше и мистериозна профилна слика – стуткан лист од хартија?!

Фото: Принтскрин/ РТС

На профилот на Фејсбук за кој се верува дека припаѓал на осомничениот за масакрот се наоѓаат само две фотографии.

На едната фотографија која што е профилна се наоѓа стуткан лист од хартија, и оваа фотографија е поставена од 2021 година.

Втората фотографија која што е користена од септември 2020 година до 2021, е уште побизарна од претходната.

Фото: Блиц.рс, една од двете фотографии на Коста на ФБ

Во прашање е негатив од фотографија во виолетова бока која што обработена во Фотошоп така што очите се пречкртани со крстови, а устата сошиена.

Лицето осомничено за масакрот на својот Фејсбук профил имал само 16 пријатели, од кои и страницата на училиштето во кое што се случи страшниот чин. Меѓу пријателите е и неговиот татко кој е познат белградски доктор, а речиси исто толку пријатели имаше и на Инстаграм.

Фото: Принтскрин/ Твитер

Стуткан лист хартија имаше и на неговиот Инстаграм профил, но и двата профили се исклучени од засега непознати причини.

Малолетникот е син на познат радиолог, а како што објави Информер, и неговата мајка била позната докторка.

Според пишувањата на медиумите, тој наводно збеснал затоа што добил единица по историја, па одлучил да ги убие своите сокласници.

Кога дошол во училиштето најпрво пукал во чуварот, а потоа и во останатите ученици, убивајќи осуммина и ранувајќи шест ученици и една учителка.

Фото: ОУ „Владислав Рибникар“

Ова е учителката по историја во која што пукал Коста К

Како што пренесуваат српските медиуми, во прашање е учителката по историја Татјана Стевановиќ, која со тешки телесни повреди беше однесена во болница каде веднаш и беше пружена помош.

Таа по операцијата е во стабилна состојба, како и момчињата кои се сместени во истата болница со неа, додека ранетото девојче се уште е во тешка состојба и докторите даваат се од ебе да ја одржат во живот.

Потсетуваме, лицето Коста К (13) уби осум ученици и чуварот на Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

Покрај учениците кои веднаш им подлегнале на повредите, ранети се уште шест други ученици и учителка по историја.

По извршениот масакар Коста не покажал каење, а уапсен е и неговиот татко од кого малолетникот го земал оружјето.

Повеќе за ова прочитајте тука >>

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close