Кафе муабет

Стигнува појачување: пејачката Сека Алексиќ сподели среќни вести!

Колку повеќе деца има, толку е посреќна куќата...

Во неколку наврати пејачката Сека Алексиќ зборуваше за борбата за потомство и долгото чекање да се оствари во улога на мајка.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ
Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ

Сега кога ги доби синовите Јаков и Јован таа вели дека мајчинството е најголемиот дар кој го добила во животот и во улога на мајка најмногу ужива. Таа и нејзиниот сопруг Вељко Пиљикиќ седум години чекале да добијат дете и да се остварат во улога на родители а нивниот син Јаков дојде во вистинско време. Многудетното семејство отсекогаш било нејзин сон, а синот Јован бил следниот дел од нивниот семеен мозаик. Сека во една прилика откри дека би сакала да има пет деца со сопругот Вељко, а синовите и се најголема гордост.

Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ
Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ

„Господ ќе не дарува со  уште повеќе. Колку повеќе деца има, толку е посреќна куќата. Се надевам, со вера во Бог, дека Јаков и Јован ќе добијат повеќе браќа или сестри“, рече Сека, на која не и е грижа дали следниот член на семејството ќе биде повторно девојче или момче.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

Пејачката откри колку ја променило мајчинството и како сега покрај себе има само вистински пријатели.
“Им простив на луѓето пред децата. Не сакам да живеам во лоши и грди чувства. Им простувам на сите, но секогаш ги чувам блиску до мене луѓето кои се вистински пријатели, кои ме сакаат мене и моето семејство и обратно”, изјави пејачката за Блиц.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ
ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ
ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ
ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ
ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ
ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ
ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

“Како што одминуваат годините, сè повеќе сфаќам колку сум зрела покрај Вељко и колку ништо во мојот живот не би било исто доколку тој не наидеше. Вистински столб на семејството и поддршката. Тешко е Вељко толку лесно да го изнервирате. Точен е, правичен и секогаш сака да се почитува редот така, можеби некогаш кога ќе скршнам од патот, ќе се налути и ќе ме врати во правиот правец“, беше искрена Сека.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ
ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ
ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

За потсетување, пред извесно време жена која пред неколку години била вработена во вилата на Сека во Стара Пазова за тамошните медиуми открила каква е навистина Сека кога не ја снимаат, како и сите детали од врската со сопругот Вељко.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ
ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

– Многу ме болеше кога за неа пишуваа дека не гледа никој друг освен себе – почнува таа и додава:

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

– Па, нас кои работевме кај неа за плата, таа ни даваше се и сешто а да не зборуваме за роднините и најблиските – вели поранешната куќна помошничка на Сека и открива дека бракот на Сека Алексиќ и Вељко Пиљикиќ е пример за брак.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ
ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ
Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ
Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ

– Посебно ми се допадна тоа што со нас работеше се околу куќата. И пеглање, и готвење, и рендање. Да не зборуваме за Вељко! Подготвен е на се, само за да ја израдува Сека. Тој станува наутро пред неа, ѝ го носи кафето во кревет, а потоа подготвува појадок. Тој лета околу неа, а таа само го гушка и бакнува. Верувајте ми, нема жена која би ја погледнал покрај својата Сека. Е тоа како таа живее и каква е, го посакувам на сите на светот. Тоа е рај и идила – завршува изворот за „Скандал!“.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close