Кафе муабет

Стефан Живојиновиќ направи чекор кој откри се: Еве како се согласува со семејството- Брена неможе да ја сокрие тагата поради него!

Не дојде ниту на отворање на нејзиниот нов бизнис...

Првиот пат кога Стефан Живојиновиќ изрази желба да се повлече од јавноста и целосно да исчезне, тогаш сите се прашуваа каде е Стефан Живојиновиќ.

Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ

Истото прашање и после година и пол се поставува на Лепа Брена, која како и останатите членови на семејството не даваат конкретен одговор.

Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ

Како што се пишува наводно Стефан се скарал со мајка му, татко му и браќата и дека тоа е причина за неговиот гнев и одбивање да учествува на семејните веселби, но бидејќи оваа негова одлука трае подолго време, како заклучок се наметнува дека во семејството Живојиновиќ се случило нешто многу посериозно.

фото Инстаграм/Стефан Живојиновиќ

Никој не знае каде исчезна Стефан Живојиновиќ и нема начин да се дојде до таа информација.

фото Инстаграм/Стефан Живојиновиќ

Единствените луѓе кои знаат нешто за тоа се Живојиновиќ, кои очигледно се заколнале на молчење.

фото Инстаграм/Стефан Живојиновиќ

Сè што можеше да се каже од Лепа Брена изминатиов период, а за сметка на исчезнувањето на Стефан, беше да се почитува одлуката на нејзиниот син и тоа е во основа. Сепак, многумина забележаа дека во секој нејзин одговор се чувствува болка поради наследникот и неговата одлука да ја напушти куќата.

фото Инстаграм/Стефан Живојиновиќ

Стефан не беше присутен за роденденот на мајка му, го немаше ниту за семејната прослава, а сега кога таа го промовираше својот бренд за чорапи, тој не беше таму да ја поддржи.

фото инстаграм/Лепа Брена

Наместо широка насмевка поради големиот потфат и сигурниот успех што ја очекува во очите на Брена, според мислењето на многумина имаше тага.

Ata Images

Гледајќи низ ходникот каде што седеа нејзините пријатели, колеги и членови на семејството, недостасуваше само една личност за радоста да биде целосна.

Ata Images

Зошто Стефан и овој пат не сакаше да биде на дел од овој значаен момент на неговата мајка, и зошто реши целосно да исчезне, има ли надеж дека ќе се врати, сето тоа се прашања на кои јавноста нема одговори и е многу љубопитна да ги добие.

фото инстаграм/Лепа Брена

Неодамна Боба реши да прозбори за Стефан и кажа дека се во добри односи.

фото инстаграм/Лепа Брена

Боба Живојиновиќ често истакнува дека најголемиот успех покрај тенисот, кој го прослави, се и синовите.
Боба на сите тројца им даде внимание, љубов и одлично образование, а на Филип кој го има со Зорица Накиќ и Стефан и Виктор од бракот со Брена им го понуди само најдоброто.

Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ

Што се однесува до образованието, Боба ги испратил своите синови да студираат во Америка по завршувањето на средното училиште.

Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ

Им дал почетен капитал и поддршка за кој било бизнис со кој подоцна би сакале да се занимаваат, но што се однесува до љубовта и блискоста, неодамна објасни дека не е се така како што се пишува во медиумите и како што изгледа на прв поглед.

Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ

Тој тврди дека има посебен однос со синовите.

фото Инстаграм/Стефан Живојиновиќ

– Мојата желба беше да го надградам семејството од кое и самиот дојдов. Мојот сон беше да ја изградам таа љубов, почит и се што има едно семејство со децата. Секој си има своја слобода, секој си го почитува своето време и својата приватност, но на крајот кога ќе се гушкаме е друго, ние сме семејство. Сега тука се Александра и малиот Александар и мислам дека тоа е најголемиот успех што секој човек може да го има – рече Боба и додаде:

фото Инстаграм/Стефан Живојиновиќ

– Издржувањето семејство во денешно време не е лесно.

Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ

Стефан Живојиновиќ, синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, се повлече од јавната сцена во средината на 2020 година.

Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ

Тој потоа го даде своето последно интервју и рече дека повеќе не сака да се занимава со музика, иако неговата кариера имаше нагорна линија.

Фото: Инстаграм/ Стефан Живојиновиќ

Лепа Брена неодамна во едно интервју истакна дека Стефан сега се занимава со сосема поинаков бизнис, а јавноста повеќе воопшто не го интересира.

фото Инстаграм/Стефан Живојиновиќ

-Ја поддржавме неговата одлука повеќе да не се занимава со музика. Ако сме способни да ги прифатиме одлуките на другите луѓе, зошто не би можеле да ги прифатиме одлуките на нашите деца. Важно ми е нашите деца да се среќни, а што ќе работат е прашање на нивниот избор, кој јас и Боба секогаш го поддржуваме.


– Со Стефан се е во совршен ред, тој сега работи друга работа. Не се појавува на поголеми собири. Се гледаме дома и се дружиме, сосема нормално – изјави неодамна Брена за „Стори“.

Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close