Бебе
Сораја не зборува за таткото на детето бидејќи е оженет- откриено кој е бизнисменот што и го украде срцето на старлетата
Таа ужива во улогата на мајка...
Јавноста на големо шпекулира за тоа кој е татко на детето на познатата старлета Сораја Вучелиќ.
Имено сега извор блисок до Сораја за српски Информер откри дека наводно таа родила дете од оженет бизнисмен од Русија!
Старлетата во неделата се породи во Цирих и на свет донесе здраво момче, кое гордите родители го крстија Кан.
Сепак, таа и нејзиниот зафатен партнер, кого го крие од очите на јавноста, нема да живеат во Швајцарија.
-Сораја и нејзиното момче решија да се породи во Цирих за нивното дете да има швајцарско државјанство, но нема долго да останат таму. Наскоро се селат во Москва, каде што живее нејзиниот избраник – ја започна приказната извор близок на Вучелиќ и открива зошто не сака да зборува за мажот со кој добила дете:
Сораја и нејзиниот партнер имале катастрофални односи се додека тој не ја убедил дека не ја сака сопругата, туку неа.
-Без разлика што партнерот на Сораја е во брак, тие двајца се во долга врска. 40-годишниот бизнисмен веќе некое време е во лош брак, не ја сака сопругата, но се уште не се развел. Отпрвин и пречеше на Сораја, па се степаа, раскинаа, се помирија и слично. Нивната врска била катастрофална се додека не сфатила дека Русинот навистина ја сака и дека нема ништо со сопругата, освен дека се заедно на хартија. Тој е луд по неа.
Дека навистина е така говори и фактот што нивниот син Кан не се случил случајно, туку дека планирале да имаат заедничко дете.
– Работеа на тоа Сораја да забремени. Тие многу се сакаат, па Кан е плод на нивната љубов. Секогаш кога ќе се разделат поради службените патувања на нејзиниот партнер, кој има бизниси во Белгија, Холандија и други европски градови, тие двајца се на видео повик по цел ден. Русинот ја сака толку многу што е подготвен да направи се за неа. Ако сака чанта што може да се купи само во Америка, веднаш организира се за Сораја да ја добие. Единствено што поради неа тој се уште не научил српски, па комуницираат на руски и англиски. Но, и тоа ќе го научи, сигурен сум. Тие се прекрасен пар и се многу среќни, особено сега кога станаа родители – истакна изворот за горенаведениот медиум.
– Сораја зборуваше со таков ентузијазам и гордост што ќе стане мајка. Таа беше вљубена во Кан уште пред да го роди. Му купила куп скапа, брендирана облека, која детето ќе може да ја носи до една година.
Откако дозна дека е бремена Сораја ги затвори Инстаграм и Фејсбук. Старлетата не сакаше да ја нервира ништо за време на бременоста, а најмалку злонамерните коментари кои редовно ги добиваше додека беше активна на социјалните мрежи. Последните седум месеци се посвети на себе и на партнерот, патувањата и бременоста во кои уживаше.
Вучелиќ изјави дека е пресреќна што станала мајка.
– Се чувствувам убаво. Синот е остварување на мојот сон. И двајцата сме добро. Сакам само да уживам во најсреќните моменти во мојот живот – кратко изјавила Сораја.