Кафе муабет
Сопругата на Оливер Драгојевиќ ќе ве расплаче со оваа фотографија: Посвети емотивна порака на легендарниот пејач!
Ќе прославеа 48 години брак...
Весна Драгојевиќ вчера објави стара фотографија со покојниот Оливер.
Таа во описот на фотографијата напиша дека доколку Оливер беше жив, тие ќе ја прославеа 48-годишнината од бракот.
– Ти и јас. 7 март 1974. Наши 48 години брак, напишала накратко Весна во описот на фотографијата на која седи во скутот на легендарниот пејач.
Нејзината објава предизвика низа реакции.
„Драга Весна, го имаше најдобриот човек покрај себе“, „Вие двајца засекогаш ќе бидете заедно. Ваквата љубов не завршува“, вечна љубов“, се само дел од коментарите под објавената фотографија.
За потсетување, Оливер почина на 71-годишна возраст по тешко заболување од рак на белите дробови во 2018 година.
Оливер Драгојевиќ беше еден од најталентираните пејачи во поранешна Југославија. Музиката ја засака од најрано детство, впрочем кај таквите генијални ликови талентот и се јавува толку рано. Публиката го сакаше токму поради неговиот талент да предизвика емоции кај секого, поради неговата посебна искра која што ја имаше и по која беше препознатлив.
А кога се откри и дека во прашање е скромен човек, со сите свои врлини и мани, тогаш започнува и таа нераскинлива врска меѓу публиката и него, тоа посебно обожавање поради кое Оливер несомнено беше една од најголемите ѕвезди на овие простори.
Емоциите во неговите песни беа заеднички за многумина, тој целосно се даваше во нив, а публиката се препознаваше во стиховите, уживаше во неговата музика и богато го наградуваше на секој негов настап.
Наводно името го добил по Оливер Твист, главниот лик на истоимениот роман на Чарлс Дикенс, и тој еднаш раскажа интересна приказна за своето име.
‘Мајка ми познаваше луѓе кои сакаат да читаат и пишуваат, па ги праша за совет. Покојниот брат се викаше Аљоша. Тие ја советуваа за него да се вика Аљоша, за мене и рекле дајте му на другиот син западно име, па јас го добив тоа – Оливер. Така ги добивме нашите имиња за време на Студената војна “.
Во семејството Драгојевиќ, музиката беше составен дел од нивниот живот, па таткото Марко купи хармоника за неговиот тогаш петгодишен син, а пет години подоцна, му купи и гитара.
“Имав само неколку години кога ја добив својата прва усна хармоника од татко ми. Мојот старец свиреше на неа , а потоа во една прилика реши да ми ја даде затоа што секогаш покажував интерес. Свирев со денови, ми купија и гитара, па одев со неа на некои семејни собири. Јас секогаш сакав да свирам нешто, сите секогаш ми велеа: ‘сега ти ќе свириш и ќе отпееш нешто, раскажа легендарниот Оливер во една прилика.
А кога некој како што е Оливер ќе замине, тогаш и многумина ќе жалат затоа што изгубиле некој што го чувствувале како свој животен сопатник, некој со кој пловеле низ морињата на емоциите и љубовта, кој толку пати ги изнел на површината и со кого ги споделувале своите тајни…
Она што тој го остави не се само неговите бројни албуми, освоени награди или распродадени концерти. Вистинскиот траг кој тој го остави се наоѓа во срцето на неговото семејство, пријателите, соработниците и неговите обожаватели.
Песните на Оливер не се слушаа само, туку истите и се живееја, а посебно оние љубовните. Со нив се сакавме, се разделувавме, заборававме на старите љубови и го отворавме срцето за нови. Невозможно е да се каже кои од нив се најдобрите, но едно е сигурно неговите песни никогаш нема да бидат заборавени.
Тој зад себе ја остави својата сопруга Весна, синот Дино (42) и близнаците Дамир и Давор (39).
„Се запознавме на 13 мај 1973 година. Самиот на себе си реков дека е доста од осаменоста која ја чувствував и младешкото лудило и тогаш ја запознав Весна, кога имав 26 години, а таа имаше 19 години. Ја сретнав на Страдун, помина покрај мене , таа имаше црно-црвена коса, долга и брановидна. И таа само помина. Јас се свртев, и таа се сврте во исто време. Потоа прашав некои луѓе која е таа. Постоеше место “Градско кафуле” , таму ги испрашував луѓето што ја познаваа, која е и како се вика.
“Тие ми објаснија сè и договоривме состанок преку еден од нив. Се сретнавме токму таму во” Градското кафуле “едно утро. Дали беше состанок, дали беше кафе, не знам што се случи. И така, ние седевме таму и се договоривме да се видиме тоа попладне. Бевме во парк, и седевме таму можеби еден час или два … Таму некако се договоривме за врска. Немаше предбрачен договор, немаше ништо “, откри Оливер во едно од многуте интервјуа.
„Кога ме покани на неговиот концерт, бев засрамена што некој ќе ме виде со него па се скрив во соблекувалната“, рече Весна Драгојевиќ, која секој викенд патуваше во Сплит поради Оливер.