Кафе муабет
Сопругата на Ноле го украде шоуто: Не сте ја виделе ваква, ова е најгламурозното издание на Јелена Ѓоковиќ- обетките кои ги носи се моден погодок
Ги собра сите погледи...
Светскиот број еден тениски ас Новак Ѓоковиќ со семејството го прослави вечерашниот триумф во Торино.
Тој на најдобар начин ја прослави победата, а ваквите моменти веќе станаа традиција.
Ноле отиде кај семејството по победата над Каспер Рудо – овој историски момент го одбележа така што се фрли во прегратките на своите најсакани, Јелена, Тара и Стефан.
Во фан боксот на тенисерот беа неговиот татко Срѓан, вујко Горан и други репрезентативци… Сите славеа, а Ноле и донесе многу радост на цела Србија.
Победата му ја честиташе и Златан Ибрахимовиќ кој го следеше натпреварот со сопругата Хелена Сегер.
Новак Ѓоковиќ вчера по седум години, го освои турнирот во Торино, по шести пат во кариерата, израмнувајќи се со Роџер Федерер.
Ноле успеа да се изедначи со Карлос Алкараз и Андреј Рубљев по бројот на освоени АТП титули во сингл оваа година, иако учествуваше на помалку турнири.
Сепак главна тема во медиумите денеска е сопругата на Ноле, Јелена Ѓоковиќ и тоа поради стајлингот.
Јелена не сме ја виделе во вакво гламурозно издание, па поради тоа таа се најде во центарот на вниманието.
Покрај светкавиот накит, Јелена одбра елегантни панталони со висок струк и модерна ролка во крем боја и со ова издание ги украде сите погледи.
Јелена и Новак Ѓоковиќ важат за еден од најхармоничните парови. Светски број еден тенисерот не пропушта прилика да не каже колку е благодарен на Јелена и дека таа му е најголема поддршка.
Но парот еднаш доживеа јавна расправа, и тоа многу одамна, а поради непозната причина пред осум години имаше сомнежи и за крај на врската меѓу најдобриот српски тенисер и неговата избраничка.
Никој не може да каже со сигурност што се случува во нивниот брак, но речиси и да не поминува ден, а да не се зборува за проблемите кои наводно ги имаат Јелена и Новак.
И покрај тоа што тенисерот и неговата сопруга досега многупати докажале дека меѓу нив има искрена љубов, сепак на крајот на денот говори и фактот што тие се родители на две прекрасни деца Стефан и Тара, но јавноста не престанува да шпекулира за нивната заедница.
Колку Јелена влијае на одлуките на Новак, како се согласува со суетната Дијана, дали му дозволува да излегува, дали внимава на тоа како се храни, сето тоа се прашања кои се продлабочуваат од ден на ден, јавноста е се пољубопитна а медиумите бараат одговори.
И покрај љубопитноста на обожавателите, славниот спортист и неговата емотивна партнерка избегнуваат да зборуваат на темата брак, обидувајќи се да дозволат нивните постапки да зборуваат најдобро за тоа.
Јелена Ѓоковиќ,со години го води својот блог на кој често отворено и искрено зборува за проблемите со кои се справува.
Така, во еден од своите постови, таа откри што и било најтешко за неа кога станува збор за работа на себе.
‒ Долго време се мачам да кажам „извини“ кога е потребно и да прифатам дека не сум совршена. Откако тргнав на духовниот пат на внатрешен раст, почнав да сфаќам колку е важно да се каже извини – истакна Јелена и откри како научила многу лекции на патот да стане подобра верзија на себе.
‒ Моето разбирање за животот е дека ние сме тука да бидеме луѓе и да го покажеме тоа во секоја улога што ја преземаме. Како што стануваме помудри и постари, можеби ќе ги правиме работите подобро, но ќе продолжиме да грешиме. Треба да бидеме отворени за нови искуства во текот на животот. Ќе престанеме да правиме грешки само ако престанеме да пробуваме нови работи. Мораме да ги прифатиме страдањата и болката како процес на учење. Најкорисната вештина што некогаш ќе ја научиме е да се извинуваме и да учиме од сопствените грешки – напиша Јелена во својот блог.
Со оглед на тоа што во јавноста кружеа гласини дека Јелена не е во добри односи со свекрвата подолг период, ова може да значи дека постот кој го објавила се однесува токму на неа.
Тие ретко се појавуваа заедно, речиси никогаш не си правеа друштво, дури ни во тениската ложа, а интересно е што никогаш не ги ни демантираат наводите дека не се согласуваат.