Кафе муабет
Сопругата на Дачиќ го украде шоуто на свадбата кај Шаулиќ: Сите гледаа во атрактивната русокоса- елегантниот фустан е полн погодок!
Сања носеше модерен фустан кој и ги истакна атрибутите...
Михајло Шаулиќ и Марина Велимировиќ вчера го кажаа судбоносното „да“ во ресторан во Белград, а на свадбата, меѓу другите, присуствуваше и политичарот Ивица Дачиќ.
Тој и неговата сопруга беа одлично расположени, а насмевката не ја симнаа од лицето и трпеливо им позираа на насобраните фотографи.
Младенците се потрудиле се да изгледа совршено за нивниот посебен ден, па декорацијата била специјално изработена. Пред влезот имаше ѕид со бели рози и нивните иницијали испишани со златни букви.
Имаше и црвен тепих на кој прошетаа младенците. Покрај тоа, внатрешноста на ресторанот беше бајковито украсена се во бело- златни тонови, а на средината на подиумот беа иницијалите на Михајло и Марина.
Инаку Сања и Ивица Дачиќ се венчаа пред 29 години и денес важат за еден од најхармоничните и брачни парови и ги имаат синот Лука и ќерката Андреа.
Иако Дачиќ често истакнува дека неговата сопруга е неговата најголема потпора и животна поддршка, госпоѓата Дачиќ ретко се појавува во јавноста. Заедно може да се видат само на некои свечени прилики или кога одат рака под рака на гласачко место, за време на избори.
– Има отпор да биде присутна во медиумите, никогаш не сакала никаде да гостува и тоа го почитувам – изјави Ивица Дачиќ во една прилика.
– И јас и мојата сопруга сме воспитани традиционално. Тоа значи дека семејството е на прво место, и во добри и во тешки моменти. Од нашите семејства ја презедовме вербата дека и најголемите предизвици можат да се решат со поддршка од најблиските. Секој кој бара среќа или поддршка на друго место, греши. Тоа го научивме од нашите родители и се трудиме да им го пренесеме на нашите деца рече Дачиќ во едно интервју за српски Курир.
Зборувајќи за воспитувањето на синот Лука и ќерката Андреа, тој додаде:
– На мојата сопруга и беше доделена улога на строг родител, можеби затоа што мојата строгост ја поминав на работа. Шегата на страна, мислам дека секој момент со семејството го искористив да го поминам во добра атмосфера. Должностите секогаш ми одземаа многу време, така што миговите дома беа многу драгоцени.
Дачиќ во една прилика откри и која е тајната на нивниотхармоничен брак кој трае речиси три децении.
– Ако е тајна дека женетите треба да се сакаат и почитуваат, а тоа да се прави и по 30 и 50 години заеднички живот, тогаш нека биде тајна. Сепак, мислам дека ова е нешто што секој што пораснал во здрава семејна средина го носи со себе. Не е секогаш лесно, нема семејство без проблеми, но се може да се реши кога има љубов, почит и желба. Тоа го одржува семејството во хармонија и заедништо, посочи тогаш Дачиќ.