Кафе муабет
Со црна тоалета и кратка коса Лила блесна во полн сјај: Се појави на саемот на венчавки и ги собра сите погледи
Покажа зошто е омилена...
Лила Филиповска важи за една од најубавите македонски водителки. Имено вчера во мартовското издание на магазинот Убавина и Здравје, Лила за прв пат јавно проговори за лавовската борба со ракот на дојка.
-Се чувствувам одлично, победнички! Последниот пет-скен покажа дека канцерот се повлекол и дека сум здрава! Имам измешани чувства. На моменти се смеам гласно, па ќе ми надојдат солзи… Повеќе од една година бев во постојана неизвесност и сонував за овој момент кога докторите ќе ми кажат: „Лила, во оваа битка ти си победникот!“ За среќа, го дочекав тоа – изјави водителката за Убавина и здравје.
Водителката истакна дека била во тотален шок кога и ја соопштиле дијагнозата. Се фокусирала на патот и се трудела постојано да остане позитивна.
-Среќна сум што имам неколку добри, вистински пријатели кои ми се како семејство, кои беа покрај мене и ми го олеснија патот. Бескрајно сум им благодарна! – рече Лила за Убавина и здравје.
Каде и да се појави шармантната водителка Лила Филиповска ги мами воздишките на присутните и ги фрла во сенка сите присутни па така беше и вчера вечер кога водителката се појави на Саемот за венчавки.
Облечена во црна тоалета Лила ги собра сите погледи а за прв пат се појави со кратка коса по што доби низа коментари.
Имено фановите на водителката беа воодушевени од ова нејзино издание а комплиментите беа неизбежни.
Како и секогаш, Лила блесна со својот препознатлив сјај и ги засени присутните.