MAMA

Со причина го нарекуваат еликсир на здравјето: Овој зеленчук е моќен борец против дијабетес и срцеви проблеми!

Овој зеленчук е помоќен борец против рак, дијабетес и срцеви проблеми!

Поради изобилството на витамини и минерали, се смета за една од најмоќните и лековити растенија.Блитвата содржи витамин Б, Ц и бета каротен, како и минерали магнезиум, железо, калиум, калциум и е богата со јаглени хидрати, протеини и растителни масла.

Таа е еден од најздравите видови на лиснат зеленчук, нема висока енергетска вредност, но има одлична комбинација на традиционални витамини и минерали, фитонутриенти и диетални влакна.

Еве за што е сето тоа добро:

Го зачувува видот и здравјето на очите

Карактеристични состојки на блитвата се исто така лутеин и зеаксантин – „витамини за очите“. Има корисен ефект врз окото, и спречува дегенерација на макулата, односно жолто место, глауком и слични нарушувања на видот. Во прилог на зачувување на видот, лутеинот обезбедува заштита од УВ зраци.

6 намирници што треба да се избегнуваат како чума: Опасен ризик по здравјето!

Тој ги чува коските

Поради својата висока содржина на витамин К, магнезиум и калциум, тој се смета за моќен чувар на здравјето на коските. Витаминот К1 во цревата се претвора во витамин К2, кој го стимулира производството на остеокалцин, и тоа е многу важно затоа што така калциумот се насочува директно кон коските.

Го намалува ризикот од дијабетес

На луѓето со дијабетес секогаш им се препорачува зелен лиснат зеленчук и нема подобар избор од блитвата. Флавоноидите кои се наоѓаат во него се познати како сиринска киселина, која помага во регулирање на нивото на шеќер во крвта.

Го намалува ризикот од рак

Блитвата е богата со антиоксиданси, па затоа има моќ да спречи ширење на слободни радикали, како и клетки на рак. Исто така, содржи бројни витамини и минерали, бета каротен и кверцетин, за кои сигурно се знае дека се добри борци во спречувањето на ракот, особено ракот на дебелото црево.

Го подобрува здравјето на мозокот

Витамин К и калиум помагаат во когнитивниот развој, ја подобруваат меморијата и концентрацијата.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close