Кафе муабет

СЛОБА РАДАНОВИЌ ЈА ЗАКАЖА СВАДБАТА: Се одлучија за ТАЈНА ВЕНЧАВКА- еве кога пејачот по втор пат ќе го каже судбоносното “ДА”

Ќе стапнат на лудиот камен...

Фолк пејачот Слободан Радановиќ- Слоба неодамна објави дека оваа година планира да стапне на лудиот камен со својата долгогодишна девојка Јелена Ѓуричанин.

ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм

Како што дознава порталот Република.рс, Слоба ќе и се заколне на верност на својата свршеница Јелена Ѓуричанин во присуство на кумовите, од кои прв кум е поп менаџерот Горан Лечиќ Лека.

ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм
ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм

Парот решил да се венча во тајност за да го помине најсреќниот ден во кругот на најблиските.

ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм

Инаку Слободан Радановиќ во една прилика истакна дека цели две години планирал да ја побара Јелена за своја сопруга.

ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм

Имено тие судбоносното „да“ ќе го кажат на 14 февруари на Свети Трифун, односно на денот на вљубените, пренесува Телеграф.

ФОТО: ATA Images

Тие подготвуваат интимна венчавка која ќе се одржи во манастир, а на која ќе присуствуваат најблиските од семејствата Радановиќ и Ѓуричанин, како и децата на Јелена.

фото телеграф.рс

По црквата ќе се одржи свадбена церемонија во ресторан во главниот град. Идните младенци многу се подготвуваат за венчавката, а деталите ги кријат и од најблиските членови на семејството, бидејќи сакаат целиот настан да биде изненадување за сите.

фото архива

Тој во една прилика зборуваше и за неговата свршеница Јелена Ѓуричанин.

ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм

– Здрава, жива, добро е … Се е во ред, да беше подобро немаше да функционира! Се обидува да ги избегне медиумите, не е од овој свет, но кога и да се појавиме заедно, неизбежно и нормално е да ги импресионира сите – рече Слоба.

ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм

На прашањето дали наскоро ќе се жени, на изненадување на многумина тој рече дека можно е тоа да се случи оваа година.

ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм

– Па, може. Можеме да очекуваме да биде оваа година, мислам дека е време за тоа, размислувам за овие работи, основање семејство и едвај чекам да го пробам тој предизвик. Не знам како ќе изгледа сето тоа, не сме разговарале, но ќе ве известиме на време. Има многу колеги кои би сакал да ми пеат на свадба, можеби Дарко Лазиќ, Пријовиќ, сакам да ги слушам и приватно, Јован Перишиќ, но ќе има се – првпат открива Радановиќ и додава:

ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм

– Мама се уште не знае ништо конкретно, но многу ја сака Јелена, не се сомневам дека ќе биде воодушевена. Ако таа не беше соодветна за мене, мислам дека одамна ќе се разделевме.

ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм

Да потсетиме, за Слоби ова ќе биде втор брак со оглед на тоа што беше во брак со Кристина Кија Коцкар со која се разведе откако ја изневеруваше во реалното шоу „Задруга“ со Луна Џогани.

ФОТО: Кија Коцкар / Инстаграм
Фото Инстаграм/Кија Коцкар
ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close