Кафе муабет
Славната Хурем драстично ослабе, обожавателите загрижени за нејзиното здравје- еве како изгледа денес!
Реши да го доведе телото до совршенство...
Турската актерка Мерјем Узерли (38) која јавноста ја запозна по улогата на султанката Хурем во популарната турска серија „Сулејман Величествениот“.
Оттогаш публиката на овие простори со големо внимание го следи секое нејзино движење, па затоа неодамнешните фотографии кои актерката ги објави на својот Инстаграм профил загрижија многумина.
Имено, актерката која со својата неверојатна убавина ги маѓепса припадниците на посилниот пол откако по вторпат ја исполни улогата на мајка, таа даде се од себе за што поскоро да ја доведе својата линија до совршенство. Не само што успеала, туку, според мислењето на одреден дел од публиката, претерала.
За потсетување, светските медиуми своевремено објавија за нејзината наводна борба со депресијата поради која ослабе и размислувала да се откаже од улогата што ја прослави. Тогаш се зборуваше и дека таа престојувала на клиника во Германија, а во тој период не се јавувала на никого.
– Болна сум, не можам повеќе да издржам. Не можам да издржам во Турција. Се враќам во Берлин – изјавила славната актерка наводно за време на снимањето на серијата.
Гостувајќи на една емсиија на „Јутјуб“, продуцентот Римур Савдиќ рекол дека германската актерка со турско потекло имала психички проблем, што во психологијата е како синдрм на немање на енергија.
По неговите зборови таа повеќе не можела да го издржи огромниот притисок и едноставно заминала.
Станува збор за сериозно ментален и физички проблем кој почнува наизглед без значајни симптоми како што е губиток на ентузијазам и енергија, замор, неодредени болки, а потоа се претвара во хроничен стрес пропратен со несоница, главоболка, висок притисок, пад на имунитет, пореметување на концентрацијата, депресијата, напади на паника…
Снимањето на серијата траело по цел ден, што бара војничка дисциплина и голема самоконтрола.
Меѓутоа, Меријем повеќе не можела да го издржи притисокот и одличила да замине од проектото, а се се одразило на нејизниот љубовен живот.
Актерката се раздели од вереникот додека беше бремена, а дури и се пишувало дека сакала да си го одз-еме животот.
Сепак, изгледа дека нејзината психичка состојба е добра, а актерката денес живее во Берлин со своите две деца и партнерот кој го крие далеку од јавноста.
Отвори слаткара каде поголемиот дел од своето време го поминува таму.
Постојано објавува фотографии како ужива во својот мирен и хармоничен семеен живот.
Актерката постојано говори дека е благословена бидејќи шест години од раѓањето на првата ќерка Лата повторно и се случи чудо:
– За време на бременоста секој ден се молев се да помине добро и бебето да биде здраво.