Кафе муабет

Славица Чуктераш прозборе за втор брак: Пејачката откри кога ќе стапне на „лудиот камен”!

Пејачката моментално ужива во својата слобода, а откри дека барем засега не планира друг брак. На прашањето како ги одбива додворувачите, Славица се пошегува...

Откако се појави во првата сезона на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ во 2003 година, Славица Чуктераш се проби на сцената како една од најатрактивните пејачки на Балканот.

фото инстаграм/Славица Чуктераш
фото инстаграм/Славица Чуктераш
фото инстаграм/Славица Чуктераш

Не може секој да и пријде бидејќи остава впечаток на студена жена, а всушност таа е многу емотивна и пријателска личност.

Пејачката моментално ужива во својата слобода, а откри дека барем засега не планира друг брак. На прашањето како ги одбива додворувачите, Славица се пошегува.

фото инстаграм/Славица Чуктераш
фото инстаграм/Славица Чуктераш

– Кои додворувачи? Ха-ха-ха, го нема тоа, немам време да се бранам, па се е во ред! рече таа и додаде дека во моментов не размислува за брак.

фото инстаграм/Славица Чуктераш

– Не размислувам за тоа, искрено. Ако се случи, се случи. Сега можам да кажам не, и кој знае што може да се случи за неколку години, не треба ништо да планирате, тоа го сфатив одамна – рече пејачката.

За потсетување, пејачката Славица Чуктераш се разведе од фудбалерот Владо Аврамов во 2019 година, со кого ја има наследничката Викторија.

фото инстаграм/Славица Чуктераш

Славица и Влада се венчаа во 2016 година, истата година ја добија и нивната ќерка, а пејачката по раѓањето на бебето ја стави во втор план својата кариера. Поради бракот со голманот, кој во тоа време имаше ангажмани во странство, Славица неколку години живееше надвор од Србија, во Дубаи и Јапонија.
Сепак, по три години брак следеше колапс, за кој пејачката долго молчеше.

фото инстаграм/Славица Чуктераш

Во тоа време се шпекулираше дека разводот се случил затоа што Аврамов наводно и забранувал на Славица да се врати на сцената и да започне повторно со настапи.

Поранешната брачна двојка не ги коментираше овие обвинувања, а Славица неодамна се огласи за разводот со фудбалерот.

фото инстаграм/Славица Чуктераш
фото инстаграм/Славица Чуктераш
фото инстаграм/Славица Чуктераш

– Емоциите ги снема, најважно е што останавме во одлична врска и дека Викторија не чувствува ништо, знае само дека мама и тато живеат одделно, не и недостасува љубов. Подобро развод отколку лош брак. Кога љубовта ќе исчезне, исчезнува се. Зошто би живееле без љубов, како би изгледало тоа. Ми се чини дека сè уште не сум подготвена за нова врска. Имам додворувачи, но сето тоа ми е ништо. Не сум расположена за такво нешто. Убаво ми е – изјави тогаш пејачката за локалните медиуми.

фото инстаграм/Славица Чуктераш
фото инстаграм/Славица Чуктераш
фото инстаграм/Славица Чуктераш

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close