Кафе муабет

Скандал пред свадба: Гоца Божиновска се скара со Мирко и Бојана – свекрвата не сака да попушти!

Еве што бара познатата пејачка од младите

Шијан наводно не може да се согласи со неговата мајка, пејачката Гоца Божиновска, околу списокот на гости.

Мирко Шијан и Бојана Родиќ наскоро го очекуваат своето прво дете, а нивната венчавка е во подготовка.

фото инстаграм
фото инстаграм

Сепак, како што пишуваат тамошните медиуми, Шијан наводно не може да се согласи со неговата мајка, пејачката Гоца Божиновска, околу списокот на гости.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

– Бојана е во седмиот месец и засега одлично се справува со бременоста, па решија да направат свадба. Реновирањето на куќата во Сурчин е при крај, а просторијата за бебето и целиот кат што тие го зедоа за себе веќе е завршен. Единствено што Мирко и Бојана не се согласуваат со Гоца, е кого ќе поканат на венчавката, бидејќи тие сакаат малку поинтима церемонија, а Гоца би го женела нејзиниот единствен син со многу гости – вели извор за списанието „Стар“, пренесуваат медиумите.

фото инстаграм
foto instagram
фото инстаграм
фото инстаграм

Инаку, Бојана Родиќ се најде во центарот на вниманието на медиумите кога нејзината сестра Богдана се омажи за Вељко Ражнатовиќ, а потоа таа исто така влезе во врска со Мирко и дополнително ја заинтригира јавноста.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

Kако и да е, бидејќи наследникот на Гоца Божиновска нема редовни примања, родителите на неговата свршеница од Тител – Данијела и Богдан Родиќ им помогнале на младите за реновирањето.

фото инстаграм

Тие испратија мајстори и платија за поголемиот дел од реновирањето на куќата. Мирко исто така ги засука ракавите, па работеше со мајсторите претходните два месеци: местење паркет, малтерисување, сликање, лепење тапети и многу повеќе. Според информациите, опремувањето и уредувањето на домот е при крај, остануваат само уште неколку детали.

Идната мајка од време на време на својот Инстаграм профил го покажува новиот простор за живеење а судејќи според фотографиите и видеата, сè е направено во модерен стил.


Идните родители посветиле посебно внимание на собата на бебето, каде веќе се е наместено и се чека само раѓањето на наследникот на семејството Шијан. Гоца, иако не сака да се меша во одлуките на нејзиниот син и снаа, помогна во опремувањето на ентериерот. Покрај тоа, таа го преуреди катчето за нејзиниот внук во нејзиниот дел од имотот. Во двете семејства постои еуфорија во врска со доаѓањето на нов член, а бидејќи сите тие се согласуваат одлично, Данијела и Богдан не штеделе пари за нивната помлада наследничка да биде среќна и задоволна.

фото инстаграм
foto instagram
foto instagram
foto instagram
foto instagram
foto instagram

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close