Новости

Ситуацијата е алармантна, на колена сме – Медицински сестри опишуваат како е да се работи во време на пандемија!

Во Хрватска ситуацијата е застрашувачка, бројот на заболени секојдневно расте

Хрватска се соочува со недостиг на медицински персонал.

Уште од самиот почеток на пандемијата со коронавирусот, недостасуваа 4.500 медицински сестри во оваа земја, а сега кога бројот на заболени во Хрватска секојдневно се зголемува се чувствува недостатог на персонал во болниците.

За хрватската телевизија ХРТ, медицински сестри од Ребро и КБЦ, решија да откријат како навистина изгледа една нивна смена во услови на пандемија.

Screenshot: HRT

Мартина Микшај, вели дека работи по 12 часа. Најпрво кога ќе пристигне на работа го облекува своето заштитно одело, маски, ракавици, визир…

Вели дека нема пауза за неа, бидејќи е раководител на одделот за итни случаи во КБЦ Загреб.

foto https://varazdinski.net.hr/

“Понекогаш во 12 часот едвај одиме во тоалет. Ургентниот центар е преполн и има пациенти”, вели таа.

Постојано ги надгледуваат пациентите и ја следат нивната состојба. За Марина, како што вели е предизвик да се работи со пациенти заболени од Ковид-19, но посочува дека најголем проблем со кој се соочува медицинскиот персонал е тоа што многу пациенти ги кријат контактите, не кажуваат дека имаат симптоми на инфекција, и го кријат заразеното лице со кое имале контакт.

foto eZadar.hr

Ситуацијата излегува од контрола, медицинскиот персонал нема одмор ниту слободен ден

И Одделот за трауматологија КБЦ е преполн со заболени пациенти од Ковид-19.

Мартина Гојсалиќ, главна медицинска сестра на Одделот за трауматологија на болницата „Сестри на милоста“, вели дека ситуацијата станува алармантна. Таа вели медицинскиот персонал е на готовс 24/7.

Проблемот настанува во случај на самоизолација или инфекција на медицинските сестри, поради што распоредот може да се менува и неколку пати на ден. Морам да признаам дека сме на колена. Дваесет и три медицински сестри се во изолација, а шест се позитивни. Под нормални услови, дваесет и три медицински сестри покриваат три одделенија”, вели Елзика Радиќ, главна медицинска сестра на Хируршкото одделение во истата болница.

foto kurir.mk

Нова загрижувачка бројка на заболени

Во последните 24 часа, во Хрватска направени се 3.973, а регистрирани се 828 нови случаи на коронавирус. Починаlе 15 лица.

Во Хрватска во моментов има 10.919 активни случаи, од кои 864 пациенти се хоспитализирани.

foto jutarnji.hr/

Нови мерки за заштита

Вчера Давор Божиновиќ, хрватскиот вицепремиер и шеф на националниот штаб за цивилна заштита ги соопшти новите мерки за заштита кои е стапат на сила од денеска.

Новите мерки ќе бидат на сила во наредните 14 дена, а се однесуваат на ограничувања на собири, забрана за продажба на алкохолни пијалоци од полноќ до шест часот наутро, задолжително физичко растојание …

–Подготвивме одлука што ќе стапи на сила утре во 00:00 часот. Одлука за неопходните епидемиолошки мерки за ограничување на собирите. Сакам да нагласам дека правиме одредба со која се пропишува строга мерка за физичко растојание, избегнувајќи близок контакт – најмалку два метра во затворени простории и 1,5 метри на отворено.

Може да има најмногу 30 лица на свадби. Максимум 30 луѓе можат да присуствуваат на погреби. Може да има најмногу 15 лица на други приватни церемонии и собири. Спортските натпревари може да се одржат само без публика, објасни Божиновиќ.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close