Дом и семејство
Сите на едно место: Пријовиќ имаше голема причина за славење, прв пат го покажа семејството и нејзиниот скромен дом! (ФОТО)
Заедного прославија нејзиниот 27-ми роденден...
Пејачката Александра Пријовиќ вчера го прослави својот 27 роденден со најблиските.
Имено, Александра го поминала денот со својата баба, дедо, татко, мајка, а таму бил и синот Александар кој на една од фотографиите кои ги сподели пејачката се гледа како ужива во нејзина прегратка.
– Мои најмили – напиша таа во описот на фотографиите.
Александра беше пресреќна во друштво на нејзината фамилија а тоа може да се забележи и по широката насмевка.
– Од денот кога те видов знаев дека ќе бидеш најпосебната и ќе ме направиш најсреќната мајка на светот! Чекори храбро на твојо пат, но мајчината прегратка е секогаш тука за тебе! Среќен роденден најдрага ќерко, мајка ти те сака повеќе од се на светот – напишала мајката на Александра, Борка.
Пејачката имаше две торти а едната била украсена со нејзиното омилено пиво.
Од честитките кои ги доби по повод нејзиниот роденден, на Пријовиќ особено и е драга онаа од нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ.
Имено, нејзиниот избраник Филип Живојиновиќ беше еден меѓу првите кои јавно ѝ го честитаа роденденот на Пријовиќ. Тој објави фотографија на која заедно со својата сакана се во страствен наплив на емоции додека неговата рака околу половината на Прија кажува повеќе од илјада зборови.
– Среќен роденден МАМО. Те сакаме – напиша Филип кој им се препушти на чувствата и во описот на фотографијата го постави текстот на песната „Лутка“ на популарниот бенд С.А.Р.С.
Се уште ја боли разводот на родителите…
Пријовиќ во една прилика откри која е најболната тема за неа. Имено таа се уште смета дека разводот на нејзините родители е крајно болна и емотивна тема, и за неа ретко зборува.
Уште како тинејџерка кога нејзините родители се развеле, овој немил настан пејачката, судејќи по претходните изјави, го смета за рана која се уште не е целосно зарасната.
Недељко и Борка Михајловиќ, родителите на Александра, не успеаа да опстанат во бракот а Александра во една прилика за српски Блиц откри и како се одвивала нивната комуникацја по разводот:
– Нема ништо потешко. Поточно, моите родители имаат убав однос по разводот. Страдам затоа што отсекогаш сум имала желба моето семејство да биде заедно. Никогаш нема да биде исто, секогаш замислувам како се заедно – изјави Пријовиќ за „Блиц“.
Исто така, Александра е многу благодарна на своите родители, но никогаш не може да преболи дека нивната љубов избледе.
– Мајка ми работеше и пееше, одеше далеку од дома поради тезгите. Меѓутоа, бидејќи не сакаше да останам сама, таа се враќаше секој пат без разлика колку километри нејзиниот настап беше оддалечен од Бели Манастир. Таа се враќаше дома уморна за да биде со мене и тоа е нешто што сега многу го ценам. Горда сум на моите родители кои ми дадоа се во животот иако беа разведени. Тешко ми е и сега што двајцата не можеа да живеат заедно – додаде пред неколку години сопругата на Филип Живојиновиќ.