Кафе муабет

Сите детали за свадбата на деценијата: Слоба и Јелена ќе го кажат судбоносното „да“ на ОВА СВЕТО МЕСТО!

Ги прават последните подготовки...

Пејачот Слоба Радановиќ и неговата свршеница Јелена Ѓуричанин подолго време живеат во Нов Белград, а како што сега се шпекулира, решиле да се венчаат „од другата страна на мостот“.

фото архива

Парот наводно купил стан во новоизградена зграда, а откако неколку месеци го барале својот совршен дом, се одлучиле за стан во Палилула.

ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм

– Слобa сме го виделе неколку пати. Тој живее во оваа нова зграда. Тоа е цел комплекс, станот му е на втор или трет кат. Ја гледаме и неговата свршеница. И двајцата се љубезни. Досега немаат направено забава. Убаво се однесуваат. Тие живеат мирно. Таа девојка е претежно со деца. Го видов пејачот и во локалната пекара и продавница. Децата го сакаат, сакаат да се сликаат со него, а тој застанува со сите. Тој е добар сосед, немам лош збор да кажам – рече господин кој живее во иста зграда со Слоба.

ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм

Сега кога се вдомија, Слоба и Јелена ги привршуваат последните подготовки за венчавката, која според медиумите е закажана за 14 февруари годинава.

ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм

Како што се наведува, двајцата подготвуваат интимна церемонија во еден манастир на која ќе присуствуваат само најблиските членови на семејството, пријателите и кумовите. Потоа во ресторан во главниот град ќе се одржи и свадбената веселба.

ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм

Инаку Слободан Радановиќ во една прилика истакна дека цели две години планирал да ја побара Јелена за своја сопруга.

ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм

Тој во една прилика зборуваше и за неговата свршеница Јелена Ѓуричанин.

ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм

– Здрава, жива, добро е … Се е во ред, да беше подобро немаше да функционира! Се обидува да ги избегне медиумите, не е од овој свет, но кога и да се појавиме заедно, неизбежно и нормално е да ги импресионира сите – рече Слоба.

ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм

На прашањето дали наскоро ќе се жени, на изненадување на многумина тој рече дека можно е тоа да се случи оваа година и така ги откри големите планови.

ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм

– Па, може. Можеме да очекуваме да биде оваа година, мислам дека е време за тоа, размислувам за овие работи, основање семејство и едвај чекам да го пробам тој предизвик. Не знам како ќе изгледа сето тоа, не сме разговарале, но ќе ве известиме на време. Има многу колеги кои би сакал да ми пеат на свадба, можеби Дарко Лазиќ, Пријовиќ, сакам да ги слушам и приватно, Јован Перишиќ, но ќе има се – првпат открива Радановиќ и додава:

ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм

– Мама се уште не знае ништо конкретно, но многу ја сака Јелена, не се сомневам дека ќе биде воодушевена. Ако таа не беше соодветна за мене, мислам дека одамна ќе се разделевме.

ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм

Да потсетиме, за Слоба ова ќе биде втор брак со оглед на тоа што беше во брак со Кристина Кија Коцкар со која се разведе откако ја изневеруваше во реалното шоу „Задруга“ со Луна Џогани.

ФОТО: ATA Images
ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close