Дом и семејство

Секој би им подзавидел: Оваа фотографија е доказ колку се заљубени Хана и Грашо!

Уживаат во љубовта...

Уште на почетокот на нивната врска, Петар Грашо и Хана Хулиќ беа во центарот на вниманието а по свадбата и доаѓањето на свет на нивната ќерка Алба, тие се главна тема во медиумите.

фото инстаграм/Петар Грашо

Вчера Петар Грашо во Белград одржа голем солистички концерт и со тоа ја заокружи успешната концертна турнеја.

фото инстаграм/Петар Грашо

За време на нешто повеќе од двочасовниот спектакл што го приреди за љубителите на неговата музика, неговата сопруга Хана Хуљиќ беше во првиот ред од каде му даваше поддршка на својот сакан.

фото инстаграм/Тончи Хулиќ

Иако неодамна станаа родители на малата Алба, Хана не можеше да го пропушти овој настан и ја остави својата ќерка во сигурни раце додека таа уживаше во спектаклот што го приреди нејзиниот сопруг.

фото инстаграм/Петар Грашо

Додека Грашо ги пееше своите најголеми хитови Хана беше видно расположена. Пред самиот спектакл, Петар им се обрати на присутните новинари, а друштво му правеше и ќерката на Хуљиќ, што е, може да се каже, преседан со оглед на тоа што не сакаат да се експонираат заедно во медиумите.

фото Стори.рс

– Многу ми значи поддршката на Хана. Тончи е гостин, но не е навистина гостин, тој е домашен, семејство. Без него немаше да бидам тоа што сум – им порача Грашо на насобраните припадници на седмата сила пред да излезе на сцената.

фото Стори.рс

Грашо и Хана уживаат во љубовта и не обрнуваат внимание на бројните шпекулации кои кружат низ медиумите.

фото принтскрин/инстаграм

Нивниот однос е стабилен и хармоничен, а тоа го докажаа и вчера.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

Инаку Петар Грашо неодамна призна дека поради презафатениот распоред не поминува многу време со сопругата и новородената ќерка Алба, но во последното интервју пејачот изјави дека верува дека и покрај тоа има „сосема доволно“ време за семејството.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

– Ако семејството е стабилно друштво, да го наречеме така, емотивно друштво. Ако во тоа емотивно друштво секој член знае да придонесе, тогаш нема проблем. Со едноставни зборови, се трудам што повеќе да бидам со семејството, но кога не сум таму, Алба има прекрасна грижлива мајка која со најголема радост ја прифати таа улога. Има баби, има дедовци и сите други, изјави тој за српски Телеграф.

фото инстаграм/Петар Грашо

– Значи, генерално, тоа е радосна средина, мојата работа е таква што можеби не сум дома малку повеќе отколку што би сакал, но сум доволно присутен и го користам тоа време колку што можам за да живеам со полни гради. Мислам дека се во животот се учи. Денес можете да најдете упатства: „како да се биде добар татко“, „како да смените пелена“, „како да запалите оган“. Јас сум целосно неоптоварен, одговорен но неоптоварен. Едноставно морам да пливам во тој животен базен во кој сме фрлени. На семејните обврски не им приоѓам на нешто за што треба да се грижам. Се сакаме, објасни тој.

фото инстаграм/Петар Грашо
Фото Инстаграм/Петар Грашо
Фото Инстаграм/Петар Грашо
Фото Инстаграм/Петар Грашо
Фото инстаграм/Петар Грашо

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close