Дом и семејство

Сега сфаќам што направив кога си отидов за Тони: Искрена исповед на Драгана Мирковиќ за бракот- овие зборови ќе ве шокираат

Можела да изгуби се...

Бракот на Драгана Мирковиќ и Тони Бјелиќ трае повеќе од три децении и успеа да ги преброди сите предизвици, а од оваа временска дистанца, периодот кога овој бизнисмен ја запроси познатата пејачка изгледа прилично одамна.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Во едно интервју Драгана се присети на тој момент и изненади многумина со деталите од запросувањето.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

– Тоа беше навистина необично. Прекрасно е кога познатото прашање „дали ќе се омажиш за мене“ ќе се постави во романтичен амбиент, но кој вели дека мора да биде така? Прашањето ми го постави Тони додека чекавме да запали зелено светло на семафорот, со насмевка реков да и тоа беше тоа. Мене ми беше интересно, смешно и романтично. Додуша, ќе дадам се од себе еден ден син ми да не ја запроси идната сопруга на семафор – низ смеа изјави пејачката, но бракот на Драгана Мирковиќ во текот на сите овие години докажува дека оние бракови кои започнуваат на необичен начин имаат цврсти темели.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

– Во првите шест месеци од нашето запознавање разговаравме многу бидејќи јас живеев во Белград, а тој во Виена. Беа часови и часови телефонски разговори, за време на кои сфативме дека зборуваме на ист јазик. Можете да замислите колку не чинеше, бидејќи меѓународните разговори беа многу скапи – низ смеа изјавила и Драгана, а бракот на Драгана Мирковиќ не бил толку лесен како што изгледа денес.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

– Факт е дека ја напуштив Србија поради љубов, но воопшто не ми беше лесно да се одлучам на таков чекор. Од убава куќа отидов во педесет квадрати. Иако имал фирма, Тони не бил заинтересиран да си гради дом, туку да вози супер автомобили. Сепак, тоа ми беше најмалиот проблем. Кога отидов во Виена, ја напуштив мојата земја, семејството и кариерата. Можеше да се случи никогаш да не се вратам на сцената. Дали сфаќате колку ризикував? Сега, кога ќе се сетам на тој период, сфаќам колку сум била храбра – изјавила пејачката.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Бракот и љубовта на Драгана и Тони никогаш не им беа поврзани со скандали, па така неодамна поранешната готвачка на Драгана и Тони решила да прозборе и јавно раскажала како се однесувала музичката ѕвезда со неа и како што тврди некои работи кои ги прави таа не може да ги разбере.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

-Веќе не се раѓа жена како Драгана, зачудена сум, но тоа е целата вистина – рече готвачката и додаде:

фото инстаграм/Драгана Мирковиќ

– Толку голема ѕвезда, која може да си дозволи се, редовно, ако беше дома, доаѓаше во нашата кујна и готвеше со нас. Може да има се, а готви… Прсти да си излижеш. Знае и традиционални српски јадења, а богами знае и да експериментира. Навистина е прекрасна, вредна, посветена и никого не гледа со презир иако и се може – ова во една прилика за „Скандал“ го откри готвачката Драгана Мирковиќ.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Многу ми беше жал што престанав да работам за неа и за Тони, но морав затоа што морав да се преселам. Сакам да нагласам дека Гага е најблагородната личност за која сум работела, секогаш ни помагала на сите доколку имавме некаков проблем – заклучила таа за споменатиот медиум.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
фото инстаграм/Тони Бјелиќ
фото инстаграм/Тони Бјелиќ
фото инстаграм/Тони Бјелиќ
фото инстаграм/Тони Бјелиќ
фото инстаграм/Марко Бјелиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close