Кафе муабет

„СЕГА МАЈКАТА Е НА НЕБОТО СО СВОИТЕ ДВА СИНА“: Цеца со емотивна порака се прости од синот на Марина Туцаковиќ

Прераната см рт ги изненади сите...

Прераната смрт на познатиот српски текстописец Милан Лаќа Радуловиќ (36), синот на покојната Марина Туцаковиќ и Александар Футе Радуловиќ, потресе многу јавни личности кои соработуваа и со неговата покојна мајка Марина Туцаковиќ и со него.

Фото: Инстаграм/ Марина Туцаковиќ

Безживотното тело на Милан Лаќа Радуловиќ беше пронајдено во Израел.

фото инстаграм

Како што пренесуваат српските медиуми, неговото безживотно тело во Србија ќе биде донесено во недела.

фото инстаграм

Неготово безживотно тело беше пронајдено на улиците во Тел Авив неколку дена откако пред тоа беше пријавен како исчезнат, а медиумите шпекулираат дека причина заради која згасна неговиот живот се недозволиви супстанци кои по сопствено признание ги има користено порано.

фото инстаграм

Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ, инаку голема пријателка на Марина Туцаковиќ, упати сочувство до Фута која најпрвин остана без еден син, потоа без сопругата, а сега и без другиот син.

фото инстаграм

– Почина млад, талентиран човек, син на моите прекрасни пријатели, мојата никогаш не прежалена Марина! Голема трагедија за едно семејство. Тој беше бунтовен и свој. Нека почива во мир, нека му е лесна земја. Сега мајката е во рајот со двата сина – изјави Цеца.

фото инстаграм

Како што истакнаа оние што го познаваа, Лаќа бил вечниот Петар Пан, а последните денови ги поминал во Израел, од каде што се слушнал со одредени пријатели и соработници, кои велат дека текстописецот бил исклучително расположен и полн со планови, поради што за нив остана енигма, ваквиот трагичен пресврт на настаните.

фото инстаграм

Бидејќи е дете на познати родители, јавноста отсекогаш знаела за Лаќа, но неговото вистинско појавување во јавноста и медиумите започна дури откако неговата мајка Марина Туцаковиќ поч.ина во септември минатата година по битка со ра.кот. По овој пораз, забележлива беше промената во однесувањето на Милан Радуловиќ Лаќа. Дотогаш, повлечен и незаинтересиран за медиумското внимание, Лаќа почна да се разголува и во многубројните признанија се сеќава не само на врската со мајка си, туку зборуваше и за нејзините соработници.

фото инстаграм

Се чувствувал виновен и за см.ртта на неговата мајка…

фото инстаграм

– „Поради тебе, завршив овде“, ми рече мајка ми во афект едно попладне на Институтот за онкологија, неколку дена откако и ги извадија градите, истата онаа што хранеше две суштества кои уште кога беа во утробата се спротивставуваа на животот, две суштества од кои едното повеќе не е меѓу живите, а другото некако чудесно избега. И таа беше во право. Таа скапо ја плати цената на нашите животи. И дури тогаш, свесен дека е во поодмината фаза на ра.к, ветив дека ќе направам се што е во моја моќ за да ја извлечам жива од клиниката, дури и кога прогнозите ја осудуваа на сигурна см.рт – изјави тој за „Ало“.

фото инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close