Кафе муабет
Северина за прв пат го покажа татко и: По него го доби името, а многумина коментираат дека е копија на него!
Болката за него не стивнува...
Северина Вучковиќ го изгубила својот татко во детството, за што често зборува во јавноста.
Дека болката не стивнува и дека спомените живеат, Северина покажа и со најновата објава на нејзиниот Инстаграм профил каде сподели фотографија на нејзиниот татко.
Татко ми Север“, напиша пејачката и го додаде датумот „7 февруари“.
Многу фанови веднаш искоментираа дека пејачката неверојатно личи на нејзиниот татко, и дека ги има неговите очи.
„Алекс личи на него“, „Внукот е истиот дедо“, „Малиот Алекс“, напишаа фановите на Северина во коментарите.
За пејачката Северина изминатиот период беше премногу стресен. Прво го изгуби старателството над детето а потоа и се разведе од фудбалерот Игор Којиќ со кој беше во брак шест години.
Имено таа ретко објавува фотографии од своето семејство но пред извесен период пејачката реши да открие пред јавноста кој е нејзина најголема поддршка и потпора во најтешките моменти.
Северина со емотивна порака сподели фотографија од својата мајка за која вели дека е нејзиното најбезбедно светилиште.
-Оваа прегратка ме направи човек, овие раце всадија топлина и нежност, нејзиното срце храброст, нејзината поддршка безбедност.. . нејзиниот став е достоинство. Мама е моето најбезбедно светилиште, стои во описот на фотографијата.
Таа често истакнува колку е поврзана со нејзината мајка Ана. Пред извесен период таа реши да сподели со фановите искуство од животот на мајка си кој фановите не го знаеа.
„Мојата мајка ме роди со царски рез и не можеше да ме земе во рацете пет месеци бидејќи беше во кома. Тоа беше нејзин трет царски рез и таа 1972 година мајка ми не се разбуди пет месеци. Ме роди во осми месец од бременоста, имав само два килограми. Докторот беше прекрасен чоек и ме остави да бидам со неа во собата, за целото тоа време. Тој не дозволуваше да ме однесат од неа, постојано велејќи дека само јас можам да ја разбудам од кома. Секој ден бабицата ме ставаше во нејзиното крило додека таа спиеше“, изјави тогаш една од најпопуларните хрватски пејачки.
Пејачката додаде и дека нејзината мајка Ана секогаш знаела кога и е потребна.
„Беше пет месеци во кома откако ме породи, но преживеа и веднаш ме научи дека може и да го изгуби животот заради мене, како и јас за својот син, но дека ќе биде посреќна, многу посреќна ако живее за нас. Мамо ти благодарам за сé“, напиша Северина тогаш на својот профил на Инстаграм.