Кафе муабет

Се сеќавате на Хатиџе султан? Нема да ја препознаете, денеска е русокоса и изгледа сосема поинаку (ФОТО)

Таа е непрепознатлива...

Македонската јавност ја запозна турската актерка Селма Ерчег, по улогата на Хатиџе Султан, сестрата на Сулејман.

фото принтскрин

Актерката од популарната серија, во својот приватен живот не ни наликува на ликот што толку веродостојно го толкуваше.

фото принтскрин

Разгалена и малку досадна, таа не беше омилена меѓу гледачите бидејќи постојано влегуваше во конфликти со Хурем Султан, но зад камерите таа е сосема поинаква жена.

фото инстаграм/Селма Ерчег

– Сценариото на почетокот ме полуде затоа што морав да бидам тивка и мирна девојка која чува се за себе и мислев дека ќе полудам поради Хатиџе. Порано се разболев од нејзината патетичност. Колку и да е таа мирна, фина и повлечена жена, толку јас сум погласна – рекла во една прилика актерката а вистинитоста на нејзините зборови можевме да ја потврдиме преку социјалните мрежи.

фото инстаграм/Селма Ерчег

Покрај тоа што Селма е всушност модерна жена која навистина ужива во животот, нејзиниот изглед е она што привлекува внимание на Инстаграм, каде што е многу активна и често ги радува своите следбеници со фотографии од нејзиното секојдневие, па можеме да видиме дека во нејзиниот случај, трансформацијата е огромна.

фото инстаграм/Селма Ерчег

Хатиџе султан  сега е русокоса, а видливи се одредени естетски интервенции кои во нејзиниот случај се направени со вистинска мерка, па не е чудно што иако навлезе во петтата деценија, најмногу добива комплименти за нејзиниот атрактивен изглед.

фото инстаграм/Селма Ерчег

Селма, која има германски корени, може да се пофали и со исклучително интересна биографија. Студирала медицина и психологија, учествувала на избори за убавина и работела како модел, се занимава и со хуманитарна работа, но актерството сепак и е на прво место.

фото инстаграм/Селма Ерчег

Инаку, турските медиуми неодамна открија дека Селма е принцеза и во вистинскиот живот, односно дека оваа актерка е директен потомок на султанот Мехмет II кој имаше 37 деца со неколку различни жени.

фото инстаграм/Селма Ерчег

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close