Дом и семејство
Се роди без екстремитети, родителите одбивале да го видат: Го прослави својот 39-ти роденден и денес го живее својот сон
Животната приказна на Ник Вујичиќ...
Дека различноста некогаш може да биде инспирација за успех е доказ австралискиот мотивациски говорник Ник Вујичиќ кој својот недостаток го искористи за инспирација на многумина.
Тој е роден со ретката болест тетра амелија синдром поради која нема ниту раце ниту нозе.
Во една прилика Ник ја раскажа својата животна приказна и ја откри реакцијата на своите родители кога прв пат го виделе во родилиштето.
Според неговата автобиографија, неговата мајка одбила да го види и да го држи во своите прегратки кога медицинската сестра го држела пред себе, таа и нејзиниот сопруг ја напуштиле болницата.
Ник јавно кажа дека на почетокот неговите родители не можеле да го прифатат. Во една прилика рече дека кога неговиот татко Борислав кога го видел за прв пат се онесвестил, додека неговата мајка Душка не сакала во прво време да си го види синот. Но со текот на времето тоа се сменило и тој израснал со многу љубов и поддршка од семејството.
Австралискиот мотивациски говорник Ник Вујичиќ е роден во 1982 година во Мелбурн, Австралија, а од својата 19 година посетил повеќе од 60 земји, ја раскажал својата приказна и ги охрабрил луѓето да не се откажат од надежта.
Неговите мотивациони говори често можеа да се видат на социјалните мрежи.
Ник сега го прослави својот 39 роденден, а зад себе има богата кариера.
Во март 2002 година се преселил во Калифорнија, а шест години подоцна ја запознал Канае Мијахара.
Тие се венчаа на 12 февруари 2012 година. Двојката има два сина и две ќерки и живеат во Јужна Калифорнија.
Без никакви екстремитети, тој може да напише 43 зборови во минута на компјутерот.
Иако во младоста се борел до страшни предрасуди и депресија, Ник го одржала неизмерната љубов на родителите.
Ник Вујичиќ има одржано говори во повеќе од шеесет земји и разговарал со повеќе од 4.500 000 луѓе, а гледаноста не неговите предавања на интеренет се мерат со десет милиони посети од целиот свет.
Ник денеска го живее својот сон и е среќен со своето семејство, сопругата и четирите деца.