Кафе муабет
Се породи на 54 години и доби ќерка со 15 години помлад сопруг: Познатата актерка мета на критики!
Брижит и Матија неодамна го прославија третиот роденден на нивната ќерка Фрида. Гордата мајка објави семејна фотографија на Инстаграм....
Данската актерка и пејачка Брижит Нилсен (58) со години беше интересна за медиумите поради бракот со Силвестер Сталоне, кој траеше само 19 месеци, но целото внимание го украде приказната дека на 54 -годишна возраст стана мајка по петти пат.
Брижит Нелсон пред три години ја доби ќерката Фрида со нејзиното 15 години помладо момче, Матија Деси.
Актерката безуспешно 10 години се обидувала да добие дете со вештачко оплодување. Иако се проценува дека шансите да остане бремена се 2,5% на нејзина возраст, сепак успеала да забремени и да се породи на 54 -годишна возраст.
“Ова е многу скапа игра каде што можете или не можете да победите. Многу лекови, хормони, многу страдања за некој да ти се јави на крајот и да ти каже – извини, не си бремена. Лекарите ми дадоа шанса од само 3 до 4 проценти дека ќе забременам. Не мислев дека ќе одлучам да забременам по 42 -та година од животот. Имате многу разочарувања затоа што знаете колку години имате и шансите за бременост се против вас, но сепак не се откажувајте “, рече Брижит Нилсон.
Брижит и Матија неодамна го прославија третиот роденден на нивната ќерка Фрида. Гордата мајка објави семејна фотографија на Инстаграм.
“На социјалните мрежи 95% од луѓето ќе ви го честитаат роденденот на вашето дете и ќе бидат среќни затоа што и вие сте среќни, но секогаш има такви што ќе пишуваат – како се осмелуваш, ти си баба. Ќе умреш пред таа да порасне“, рече Брижит.
Данската актерка се вери со Силвестер Сталоне за време на снимањето на филмот „Роки 4“. Двојката се венча на 15 декември 1985 година во Беверли Хилс, Калифорнија. Бракот траеше 19 месеци, а се разведоа во 1987 година.
Брижит среќата ја најде кај своето помладо момче Матија Деси, кое е 15 години помладо од неа. Актерката призна дека поради нејзиниот помлад сопруг, отишла на пластична операција за да изгледа помладо.