Дом и семејство
Се породи 11 годишно девојче, забременила на 10 години, а родителите не знаеле за тоа
Таа е најмладата мајка!
Ова девојче кое сега е мајка, имала само 10 години кога останала бремена, а извештаите наведуваат дека нејзиното семејство не знаело ништо за тоа.
Велика Британија ја потресе шокантната вест за породувањето на 11-годишно девојче, што ја направи најмладата мајка во таа земја.
Ова девојче кое сега е мајка, имала само 10 години кога останала бремена, а извештаите наведуваат дека нејзиното семејство не знаело ништо за тоа.
И мајката и бебето се здрави, но социјалните служби ги испитуваат околностите на бременоста.
– Тоа беше голем шок. Сега е опкружена со стручна помош. Главната работа е дека таа и бебето се добро. Постојат прашања за тоа зошто родителите не знаеле. Тоа е многу загрижувачко – рече за тамошните медиуми изворот кој бил информиран за случајот.
Претходната најмлада мајка е Тереза Мидлтон, која се породи во 2006 година, на само 12 години, но беше принудена да се откаже од бебето откако призна дека татко на детето бил нејзиниот брат кој ја силувал.
Рекордот за најмладите родители беше татко на 13 години и мајка на 12 години, кога тие добија дете во 2014 година. Пубертетот обично започнува на возраст од 11 години за девојчињата, но може да варира од осум до 14 години, сето тоа зависи од многу фактори.
Постои поголем ризик од развој на проблеми кога помалите деца остануваат бремени, вклучувајќи предвремено породување, инфекции и прееклампсија.
Имаше случај во 2017 година дека друго девојче во Велика Британија се породи на 11-годишна возраст, но не се појавија повеќе детали.
Најмладата мајка на светот била перуанската девојка Лина Медина, која имала само пет години и седум месеци кога во мај 1939 година го родила момчето Жерард. Нејзините родители мислеле дека има тумор, но кога била пренесена во болница било утврдено дека е во седмиот месец од бременоста.
Бонус галерија од најмалото бебе во светот!
Се роди со помалку од половина килограм а денес наполни една година и ги победи лошите прогнози на докторите.
Ричард е најрано роденото бебе кое некогаш преживеало, според Гинисовата книга на рекорди…
Кога Ричард Скот Вилијам Хачинсон се роди во петтиот месеци од бременоста Гинис го регистрираше како најрано родено бебе во светот.
Роден 131 дена пред предвидениот рок и тежок помалку од половина килограм, Ричард бил толку мал што неговите родители можеле да го држат во една дланка, стои запишано во Гинис.