Дом и семејство
Се омажи за 33 години постар милионер – имаат 20 деца, 16 дадилки и повторно е бремена
Еве колку пари трошат неделно и колкава е платата на помошнчките!
Кристина, по потекло Русинка од Москва, истакнува дека сите потенцијални сурогат мајки поминуваат низ советување и дека сите деца се генетски од Кристина и Галип…
23- годишната Кристина Озтурк од Русија, пред само една година беше мајка на едно дете. Сега има 20, а уште едно е на пат.
Сите тие се нејзини биолошки деца, истакнува таа.
Кристина Озтурк е Русинка која е омажена за грузискиот милионер Галип Озтурк (56). Галип е сопственик на хотел во приморскиот град Батуми, а во моментот двајцата имаат 20 деца, од кои едното Кристина го роди природно.
Останатите деца ги добиле по пат на сурогат мајчинство, што е легално во Грузија, а Кристина вели дека се надева дека ќе има уште неколку деца, исто така со помош на сурогат мајки.
Децата се во следниот редослед: Мустафа (14 месеци), Маријам (13 месеци), Ајрин (13 месеци), Алиса (13 месеци), Хасан (една година), Џуди (1), Харпер (11 месеци) , Тереза 11 месеци), Хусеин (11 месеци), Ана (10 месеци), Изабела (10 месеци), Исмаил (9 месеци), Мехмед (9 месеци), Ахмед (9 месеци), Али (8 месеци), Кристина ( 8 месеци)), Сара (7 месеци), Локман (7 месеци), Галип (6 месеци) и Оливија (4 месеци).
Кристина, по потекло Русинка од Москва, истакнува дека сите потенцијални сурогат мајки поминуваат низ советување и дека сите деца се генетски од Кристина и Галип.
Инаку, Кристина го запозна Галип кога како млада самохрана мајка реши да патува во „Лас Вегас на Црното Море“, како што го нарекуваат Батуми. Таму го запозна Галип и тоа беше, вели таа, љубов на прв поглед.
„Тој е мојот ментор, водич и принц – сè во едно“, тврди таа, а Галип вели дека таа за него е се.
– Лесно е да се биде со неа, таа секогаш има насмевка на лицето, а во исто време е срамежлива и мистериозна. Тоа е сопругата што отсекогаш сум ја посакувал, дијамант со чисто срце – вели тој за Мирор.
По првиот состанок, работите брзо се развиваа и Кристина наскоро ја донесе со себе својата ќерка Вика и се пресели во Батуми. Галип е многу постар од неа и имал и свои возрасни деца пред да се ожени со неа.
Двојката се согласи дека сакаат што повеќе деца, но тие беа амбициозни и брзо сфатија дека нејзината репродуктивна способност не е доволна за да ги задоволи нивните желби. Затоа се одлучија за сурогат мајчинство, кое чини околу 8.000 евра по бременост.
– Персоналот на клиниката за сурогат мајчинство е изненаден од нас, но исто така тие се среќни и го поддржуваат нашиот сон за големо семејство. Не сум сигурна дали ќе успееме во намерата да бидеме најголемото семејство во светот, но во секој случај планираме да бидеме најсреќното семејство во светот.
Јас сум постојано со децата, ги работам сите работи што обично ги прават мајките. Единствената разлика помеѓу мене и другите мајки е бројот на деца. Секој ден кај нас е различен и никогаш не е досаден. Морам да ги испланирам обврските на дадилката и другиот персонал, а тоа е различно секој ден – вели Кристина.
Кристина има 16 дадилки, а секоја од нив има месечна плата од 500 долари. Нивниот распоред, вели таа, е таков што работат четири дена, а потоа имаат пауза од два дена. Тие живеат во нивната куќа и имаат своја кујна.
– Трошоците во едно волку големо семејство се огромни. Секоја недела купуваме 20 најголеми пакувања пелени и 53 пакувања детски кашички. Ние трошиме околу 6.000 УСД секоја недела на најважните работи за деца. Некогаш малку повеќе, понекогаш малку помалку. И покрај тоа што имаме толку многу деца, секое дете има своја облека, тие не делат ништо, освен понекогаш за фотографирање.
Живеат во вила, а во една соба се сместени две или најмногу три деца.
– Тие се уште се мали, кога ќе пораснат малку, секој ќе добие своја соба. Засега живееме во куќа на три спрата и планираме или да ја надградиме или да купиме поголема. Во моментов има доволно простор за секого – вели Кристина.
Таа исто така вели дека дава се од себе да се посвети на секое дете, што не е лесно кога ги има 20.
– Се обидувам, но моето омилено дете е мојот сопруг – вели Кристина.