Кафе муабет
Се огласи новата девојка на Огњен Амиџиќ: Откри детали за нивната врска- поради неа ја остави поранешната сопруга?
Тие се заедно веќе неколку месеци...
Водителот Огњен Амиџиќ јавно призна дека по разводот од десетгодишниот брак со манекенката Данијела Димитровска, ужива во нова врска со неговата колешка Мина.
Имено, новата девојка на Огњен, Мина Наумовиќ е новинарка, а водителот го запознала кога почнала да работи во неговата емисија Амиџи шоу.
Мина и Огњен веќе некое време уживаат во љубовта, а како што пренесуваат медиумите, парот се уште се обидува да ги сокрие деталите од врската од јавноста.
Миан е речиси 20 години помлада од нејзиниот партнер, а е исклучително активна на Инстаграм каде речиси секојдневно ги информира следбениците за секој нејзин потег.
Таа сега објави и видео од станот на Амиџиќ.
Имено, Огњен решил да го реновира станот, а првото нешто што решил да го промени е телевизорот. Водителот купи огромен телевизор, а неговата нова девојка му помогна да си го организира просторот за живеење.
– Не купувајте телевизор поголем од ѕидот бидејќи не може да го собере на ѕид – напиша Мина пред една недела кога јавноста сè уште не знаеше за нивната романса.
За потсетување, Амиџиќ зад себе има два брака. Тој помина четири години во заедница со тогашната колешка од Пинк, Милица Марковиќ, а подоцна се ожени со манекенката Данијела Димитровска, со која помина десет години во брак и го доби синот Матија.