Кафе муабет
Се огласи новата девојка на Дарко Лазиќ- еве што и порача на Марна!
Марина вели дека сум нејзина копија, но за мене тоа се детски игри
За Информер.рс Барбара за прв пат реши да проговори за врската со Дарко но и за споредбата со неговата поранешна…
23 годишната пејачка Барбара Бобак е во центарот на вниманието изминатите денови откако беше објавено дека таа е во љубовна врска со Дарко Лазиќ кој неодамна ја раскина свршувачката со Марина Гагиќ со која го има синот Алексеј.
За Информер.рс Барбара за прв пат реши да проговори за врската со Дарко но и за споредбата со неговата поранешна.
„Сè уште не сум ја запознала мајката на Дарко, но се запознав со неговиот брат. Слушнав како Бранка вели дека сум поубава од Марина – без влакна на јазикот.
Со оваа изјава таа очигледно сакаше да ја замолкне поранешната на Лазиќ затоа што јавно изјави дека Дарко избра девојка која личи на неа.
– Прочитав дека Марина изјави дека јас сум нејзината копија. Не ми е гајле, тоа се детски болести за мене. Ако сака нешто од мене, ако има проблем, лесно може да го достигне мојот број и да ми се јави. Јас навистина не сакам да се расправам со некој преку медиуми. Не е убаво, ниту е женствено. Се вели дека таа ми се заканува, но морам искрено да кажам дека не ми се обратила мене лично, затоа што не се познаваме меѓусебно. Не ме интересира девојчето, а секоја расправја со неа преку медиумите ми е за мали деца.
Лазиќ и Барбара ги спои работата пред повеќе од два месеци и оттогаш тие се неразделни. Тие се заедно секој ден, патуваат и настапуваат.
– Се знаеме од 1 мај. Бевме заедно на една прослава, јас пеев со него и не се разделивме од таа вечер. Почнавме и да соработуваме, па сега пеам со него на настапи. Пред неколку дена бевме заедно во Швајцарија. Направивме една приватна прослава. Убаво си поминавме и најдовме време да уживаме и ние. Ние не живееме заедно, но поминуваме многу време заедно.
Барбара не сакаше да открие повеќе детали за нивната врска бидејќи сака да избегне скандали со неговата поранешна свршеница.
– Не би сакала детално да зборувам за тоа што се случува меѓу нас, бидејќи не можам да се борам со ветерници. На крајот на краиштата, тоа е наша приватна работа.
Мајката на Дарко Лазиќ истакна дека е благодарна што има внуци и тие и се најважни во животот но посочи дека според неа Барбара е поубава од Марина но дека не верува во написите се додека тој не каже дека се заедно.
– Јас не ја запознав таа девојка, тој не ја донесе дома. Кој знае дали сето ова е вистина. Јас дури и не го прашувам мојот син такви работи, ниту тој ми кажува нешто. Сега е во Германија, не знам ни кога ќе се врати, таму е подобар, што треба да прави тука? Имам внуци, тоа ми е најважно. Видов дека Барбара, Барби или како што пишуваат на Интернет, личи на Марина. Таа воопшто не личи на неа, таа е поубава од неа, но додека Дарко не ми каже дека се заедно, не верувам во тие приказни – заклучува Бранка Лазиќ.
-Дарко и јас не живееме заедно скоро 4 месеци . Причините се јасни. Мислам дека не му доликува вакво однесување но боже мој негов живот негова работа , рече Марина и започна да зборува за синот Алексеј.
“Се чувствувам одлично, конечно имам заслужен мир со моето дете. Алексеј е најомиленото и најсреќното дете, тој е во центарот на вниманието во моето семејство”, рече Гагиќ пред извесно време и реши да стави крај на оваа приказна.