Кафе муабет

СЕ ОГЛАСИ МИЛОШ БИКОВИЌ по вестите дека ќе се жени – одговорот ја вжешти приказната дека ја запросил убавата Ивана!

Актерот истакна дека за сега нема да се случи венчавка...

Вчера во јавноста излезе веста дека најпосакуваниот ерген во регионот актерот Милош Биковиќ ќе се жени.

Фото Инстаграм/Милош Биковиќ

Биковиќ е еден од најуспешните српски актери, сега и продуцент а наводно не само што започнал заеднички живот со Ивана Малиќ, туку планираат и свадба, јавуваат тамошните медиуми.

ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм

Познатиот актер во текот на годината ќе прави свадба за потесниот круг пријатели на Мокра Гора. Биковиќ таму купил станови пред повеќе од една година, па во нив ќе бидат сместени сите гости. Во рамките на луксузното одморалиште, кое е целосно опремено и изработено од природни материјали, има и езеро како од бајките, каде парот ќе го каже судбоносното „да“.

ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм

Ивана и Милош претходно беа заедно во Москва, а тој моментално е таму на премиерата на неговиот нов руски филм „Сакам маж“.

фото инстаграм/Ивана Малиќ

Овој филм ќе ја има својата премиера во Белград на 5 март, како дел од ревијалната програма „Гала – специјална проекција“.

фото инстаграм/Ивана Малиќ

Во оваа реализација главната улога ја има прославениот актер, кој ќе биде претседател на жирито на главната натпреварувачка програма, а тој е и еден од продуцентите. Филмот го режираше Соња Карпуњина, филмска режисерка, актерка и сценарист од Русија.

фото инстаграм/Ивана Малиќ

Датумот на венчавката се уште се чува во тајност. Иако сите мислеа дека ова е само уште една во низата несериозни врски на Биковиќ, оние кои го познаваат велат дека актерот тотално се променил, дека неговиот однос со Ивана е многу пријатен и дека решил да основа семејство со неа.

фото инстаграм/Ивана Малиќ

Како што пишуваа медиумите, актерот наводно започнал врска со убавата Ивана во август минатата година, само седум дена по раскинувањето со Русинката Арина Волошин, по што заминале на заедничко патување во Ровињ, во хотел со пет ѕвезди.

фото инстаграм/Ивана Малиќ

По ваквите наводи се огласи и самиот тој и откри дали планира свадба со својата партнерка Ивана Малиќ.

фото инстаграм/Ивана Малиќ

Иако не сака да зборува за приватниот живот, сепак реши да ја открие вистината.

Фото Инстаграм/Милош Биковиќ

– Не го коментирам мојот приватен живот, поточно многу ретко зборувам за тоа. Можам да кажам дека, засега, тоа не е точно, што не значи дека нема да биде во иднина, ниту дека можеби не се случило – изјави Милош за Телеграф.

ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм

Да потсетиме, Милош и Ивана се појавија заедно на белградската премиера на филмот „Јужен ветер 2 – забрзување“, кога за прв пат беа фотографирани заедно.

ФОТО: Милош Биковиќ / Инстаграм

Инаку поранешните девојки на Биковиќ одлучија да проговорат за тоа каков бил нивниот однос со него, изнесувајќи скандалозни обвинувања спрема актерот. Најпрво на Истаграм се огласи руската танчерка Арина Волошина, која раскажа каква била нејзината врска со актерот. Таа го обвини актерот дека се однесувал многу грубо кон неа и дека една година дена го „диктирал нејзиниот живот“.

ФОТО: Милош Биковиќ / Инстаграм

Таа рече дека морала да внимава на нејзиниот имиџ и изглед. Но и дека го слушала сè што ќе ѝ кажел. Таа откри дека добивала разни навреди на интернет, но и смртни закани.

ФОТО: Милош Биковиќ / Инстаграм

Веднаш по неа, се огласи уште една поранешна девојка на Биковиќ, српската манекенка Барбара Таталовиќ, која ја поддржа Волошина и застана на нејзина страна. Таа преку Инстаграм стори напиша дека препознава сè што е напишано.

ФОТО: Милош Биковиќ / Инстаграм

Таа истакна дека не сака подлабоко во приказната, за да не ги вовлекува и нејзините најблиски во неа.

БОНУС ГАЛЕРИЈА ОД НАЈПОСАКУВАНИОТ МАЖ ВО РЕГИОНОТ КОЈ ИМА МАКЕДОНСКИ КОРЕНИ:

ФОТО: Милош Биковиќ / Инстаграм
ФОТО: Милош Биковиќ / Инстаграм
ФОТО: Милош Биковиќ / Инстаграм
ФОТО: Милош Биковиќ / Инстаграм
ФОТО: Милош Биковиќ / Инстаграм
ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм
ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм
ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм
ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм
ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм
ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм
ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм
ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм
ФОТО: Милош Биковиќ / Инстраграм

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close