Кафе муабет

Се заљубив во неа на прв поглед, ТАА ми е подарок од Бог и ме направи целосен- пејачот маѓепсан од сопругата и ќерката ужива во семејната БАЈКА!

Васиќ истакнува дека бил маѓепсан од неговата сегашна сопруга и на нивниот прв состанок...

Пејачот Слободан Васиќ ужива во семејниот живот, а неодамна ја доби ќерката Марија со неговата избраничка Јелена, за која вели дека се заљубил на прв поглед.

фото инстаграм
фото инстаграм

Тој сега на јавноста и откри и како се запознале.

“Се сретнавме сосема случајно во еден клуб во Бања Лука. Тогаш настапував таму и случајно се случи да бидеме во истото друштво. Се заљубив на прв поглед и таа вечер и реков дека ќе ми биде жена … Еве ја денес, фала му на Бога! “

Васиќ истакнува дека бил маѓепсан од неговата сегашна сопруга и на нивниот прв состанок.

фото инстаграм
фото инстаграм

“Уживав кога ја гледав. Бев навистина фасциниран од нејзината убавина и шарм. И давав комплименти нон-стоп! Најпрво бев фасциниран од нејзиниот изглед и тој шарм, енергијата што го има во неа. Таа е навистина неверојатна. И кога малку подобро ја запознав, нејзината душа, дефинитивно знаев дека ќе бидам со неа! “

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

Пејачот е многу горд што стана татко и истакна дека тоа за него е најголемо достигнување, улогата на татко го направи целосен.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

Беше неверојатно чувство! Нешто што најмногу сакав во мојот живот се оствари и мислам дека нема никој посреќен од мене! Одлично се снаоѓам, уживам да бидам со своето дете, заклучува пејачот.

фото инстаграм

Тој со емотвна порака соопшти дека станал татко и буквално ги растопи срцата на фановите.

фото инстаграм

– Пред неколку часа станав татко на една убава девојка! Пред да продолжам, морам да му се заблагодарам на мојот храбар ангел кој докажа што е силата на мајката и секако волјата што побрзо да го земе своето дете во раце !!! Мојот борец како и секогаш! Ти благодарам мое сонце за ова! Ти благодарам за нашиот ангел! Ќерко моја, добредојде кај нас и едвај чекам да те земам во моите раце! Се молев цел ден само за тебе и твојата мајка и му благодарам на Бога што сè е во ред! Те чекам дома за да може јас и мама малку да си поразговараме и јас и ти да се запознаеме, бидејќи од денес ќе бидеме најдоброто семејство на светот! Јас секогаш ќе бидам твоја поддршка, твоја сила ако не успееш, ќе бидам твоја поддршка и заштитник засекогаш! Се колнам во Бога, твојот најдобар татко! Ве сакам драги мои девојки и едвај чекам да дојдете! – напиша Слоба откако се оствари во улогата на татко.

фото инстаграм

Тој често пати знае да истакне дека неговата сопруга е подарок од Бога, за него. Ја возвшува со прекрасни и емотвни пораки, па многумина може и да љубоморат на нивната љубов.
Пред извесно време за роденденот на неговата љубена тој напиша емотивен статус кој доаѓа длабоко од неговото срце, кое со сигурност и припаѓа само на неа…

фото инстаграм
фото инстаграм

-Што да ти кажам дека веќе не сум ти кажал? Што и колку повеќе емоции треба да искажам, без тоа да си го почувствувала од мене? Кои зборови треба да ги искористам за да му нагласам уште повеќе на овој свет колку те сакам?! Не ми е гајле колку луѓе озборуваат, тоа е затоа што го немаат, затоа го прават тоа. На овој ден што следи, се роди мојот сон. Мојата животна желба и мојот најдобар пријател. Мојот пријател кој никогаш не ме издава или ме остава. Мојата надеж. Мојата радост, сонцето и сè што сјае. Мојата најмила насмевка, моите слатки очи и најубавата и најтопла прегратка. Мојот ветер во грбот! Ти посакав слатко бебе за роденденот минатата година (толку срамежливо), еве уште малку, доаѓа на свет! Не можам да ти кажам многу со моите зборови. Само ќе кажам дека сакам да те имам засекогаш. Да бидеме здрави, весели, насмеани и полни со енергија како порано. Херојски да туркаш сè пред тебе! Никогаш не дозволувај некој да ве натера да страдате, затоа што си родена да бидеш среќна! Нека ми е живо и здраво сонцето! Сè што може да се купи со пари ќе биде во изобилство! Те сакам најмногу на светот, единствена моја! Секој ден му благодарам на Бога што ми те даде! Среќен роденден љубов моја!, напиша Слоба во својата објава на Инстаграм.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close