Кафе муабет
Се запознаа на погpeбот на нејзиниот син: Тој има 18, таа 71 година – се заљубија на прв поглед а се венчаа по две недели!
Дека љубовта не бира години доказ е овој пар...
Иако многумина не би поверувале дека станува збор за вистинска љубов сепак тоа е така.
Дека љубовта не бира години доказ е овој пар. Гери има 18 а Алмеда 71 година но тие се лудо вљубени и се венчале само две недели по нивниот прв состанок.
Околностите под кои се запознале биле чудни. Алмеда не ни помислуваше дека ќе најде нова љубов на пог-peбот на нејзиниот син, но кога го запозна Гери веднаш знаеше дека тој е „оној вистинскиот“. Тој исто така ја чувствуваше истата „хемија“. Тоа беше пред шест години.
Тогаш 18-годишниот Гери Хардвик, во 2015 година, беше на по-гpeб со неговата тетка Лиза. Таа беше на последното збогување со синот Роберт, и тогаш нивните погледи се споија веднаш ја почувствуваа хемијата меѓу нив.
И покрај разликата од 53 години, парот лудо се вљуби, тие се венчаа две недели подоцна и започнаа да живеат заедно во куќата на Алмеда. Со нив живее и нејзиниот внук, кој е три години постар од Гери.
Денес, скоро шест години подоцна, парот е сè уште подеднакво заљубен и ужива во бракот. Тие исто така имаат заеднички профил на „ТикТок“, каде ги следат околу 65.000 луѓе, а неодамна објавија видео на кое се прикажани фотографии од почетокот на нивната врска, кое собра над милион прегледи.
– Ја запознав љубовта на мојот живот кога имав 18 години, а таа имаше 71 година. Поминаа скоро шест години и секој ден се повеќе се заљубувам во неа – соопшти Гери во видеото.
Откако го погледнаа видеото, многумина почнаа да им поставуваат прашања за нивната врска, а преку нови објави Гери се обиде да одговори на некои од нив.
– Кога зборуваме за разликата во годините мислам дека зависи од личноста. На крајот, се се сведува на хемијата и тогаш таа разлика станува неважна. Има многу кои се во врска со свои врсници, но не се компатибилни затоа што имаат различни интереси – рече тој.
Многумина исто така се интересираа како ќе му биде кога таа ќе yм-pe.
– Честопати ми го поставуваат тоа прашање. Малку е чудно прашањето, бидејќи не значи дека само затоа што некој е постар, прв ќе си замине. Можев да почи-нам пред Алмеда. Но, никој од нас не знае кога му е времето и не се замарам со тоа прашање. Не е нешто што ни паѓа на памет и не размислуваме за тоа – рече тој.
Тие водеа љубов за прв пат на нивната прва брачна ноќ и се опишуваат еден со друг како ‘прекрасни љyбовници’.
– Беше прекрасно, подобро отколку во моите најлуди соништа. Таа е навистина моја жена од соништата и физичката страна на нашата врска не може да биде подобра – тврди Гери.
„Не барав помлад човек, но потоа се појави Гери. Веднаш знаев дека тој е тој – додаде Алмеда.
Нејзината среќа поради таа средба беше во спротивност со чувствата што ги имаше во врска со cмpт-та на нејзиниот син Роберт, чиј живот згасна на 45-годишна возраст.
– Бев во брак со мојот прв сопруг Доналд 43 години, но тој го изгуби живоѕоѕ во 2013 година, откако помина 7 месеци во болница поради компликации предизвикани од дијабетес – вели Алмеда.
Таа додава дека тогаш морала повторно да се најде себеси.
– Кога доаѓав на работа во солзи колегите ме прашуваа што не е во ред. Длабоко во себе, барав сродна душа – се присети Алмеда.
На нивниот прв состанок, Гери ја изненади со црвени рози и нараквица за нејзиниот роденден, што беше неколку дена пред тоа. Тие се бакнаа за прв пат надвор на клупата, осветлени од месечината.
„Ме натера повторно да се чувствувам како тинејџерка“, рече таа.
После тоа, тие почнаа да се гледаат секој ден, а за нивната врска добија благослов од пријателите и семејството, како и од мајката на Гери, Тами, која во тоа време имаше 48 години и неговата баба, која е врсничка на Алмеда.
Речиси две недели по првиот состанок, таа се согласи кога Гери ја запроси по телефон. Шест дена подоцна тие се венчаа.
По венчавката, Гери ги истетовира нивните имиња на градите.
– Алмеда е многу млада по душа и никогаш не размислуваме за возраста. Само знам дека Бог одговори на моите молитви денот кога таа влезе во мојот живот – заклучи Гери за „Сан“.