Кафе муабет
Се гледа трудничкото стомаче: Јелена Ѓоковиќ блеска во прегратките на сопругот! На среќата и нема крај (ФОТО)
Денес се во среќен брак...
Новак и Јелена Ѓоковиќ се во среќен брак веќе осум години. Тие двајцата се заколнаа на вечна љубов набргу откако ја дознаа најсреќната вест – дека Јелена Ѓоковиќ, тогаш се уште Ристиќ е бремена.
На 10 јули 2014 година се венчаа и направија свадбена прослава со одбрани гости на Свети Стефан, а под срцето Јелена Ѓоковиќ го носеше своето прво дете Стефан, кој се роди само неколку месеци подоцна.
Бремената Јелена Ѓоковиќ тогаш блесна во венчаница од „Александар Меквин“ и го живееше својот сон.
– Бев многу среќна. Можеби ми беше тешко да ги контролирам емоциите бидејќи бев бремена. Благословена сум што го имам Новак во мојот живот. Не можев да замислам подобар партнер – изјавила тогаш таа.
Години подоцна, двајцата живеат среќно со своите деца синот Стефан и ќерката Тара.
Инаку Јелена и Новак се запознале додека биле уште во средно училиште, летото 2005 година, кога Новак немал поим дека ќе стане еден од најдобрите тенисери во светот.
Ги поврза разговор за спортот, бидејќи тогаш Јелена се занимавала со атлетика.
Новак тогаш имал 17 години и само што почнал да плива во професионалните води, а Јелена е 11 месеци постара од него.
Тенисерот еднаш откри дека прво го привлекла насмевката на неговата сопруга, но истакна дека е благодарен што тие двајца се заљубиле пред да се случат неговите големи успеси.
„На прв поглед ме освои со насмевка. Секако, изгледот е секогаш прв кој доаѓа до израз, но за љубовта е потребно многу повеќе. Јелена беше искрена од првиот момент и фала му на Бога што се запознавме пред да постигнам голем успех затоа што знам дека е со мене поради мене, поради Новак, поради детето кое го запозна на 17 години. Таа е мојата најголема поддршка, таа е способна, амбициозна и силна. Најмногу ми се допаѓа искреноста кај неа, тоа не прави среќни“, изјави Новак.