Кафе муабет
Саша Ковачевиќ ќе стане татко? Се грижи за ќерката на поранешниот на Цеца а сега сака и свој наследник
Има голема желба да стане татко...
Миленикот на женската публика, пејачот Саша Ковачевиќ може да се каже дека многу млад успеа да ги оствари своите соништа кога станува збор за професионален план.
Имено музичарот сега реши да откеи која му е најголемата желба што сака да му се оствари годинава, па разочара многу девојки кои се луди по него.
Тој ја пронајде својата сродна душа, жената со која ќе го помине животот и изгради љубовно гнездо со поранешната манекенка Зорана Тасовац, а како следна цел го поставил родителството.
Зорана беше во брак со поранешното момче на Цеца, Богдан Срејовиќ со кого ја има ќерката Искра за која е многу приврзан.
Богдан и Зорана се разведоа пред пет години. По разводот и краткиот брак, добро се согласуваат, често се гледаат, најмногу заради нивната наследничка.
Во една прилика извор близок до Богдан истакна дека му пречи тоа што Искра го нарекува Саша татко.
-Ќерката на Богдан Срејовиќ и Зорана Тасовац беше причината поради која нејзините родители одржуваа добри контакти со години, за што јавно проговорија и Богдан и Саша. Но, Богдан се нервирал што Саша постојано ја спомнувал ќерка му на интервјуа и ја нарекувал своја, па за тоа го обвинувал, по што односите се заладиле – рече за Свет извор близок на Срејовиќ.
Откако Зорана во врска со Саша Ковачевиќ ја донесе својата ќерка Искра, пејачот на тој начин стана татко малку порано. Навистина, тој ја има титулата очув, но кон наследничката на манекенката се однесува како да е одговорен за нејзиното воспитување. Тој ѝ подарува неизмерна љубов, и купува сè и и угодува, си игра со неа, а фотографиите направени за време на нивната заедничка дружба радосно ги споделува со своите следбеници на „Инстаграм“.
Од почетокот на нивната врска, Саша има блиски односи со Искра, а во една прилика изјави дека ја гледа како своја ќерка.
View this post on Instagram
– Со неа се однесувам како вистински татко во секој поглед. Не ја носам на шопинг, мајка и е задолжена за тоа, но ништо не ми е тешко. Одамна сум подготвен да станам татко и ќе бидам најсреќен кога тоа ќе се случи. Верувам дека кога ќе дојде вистинското време, ќе се случи и тоа – изјави неодамна Саша.
Врз основа на споменатите снимки и фотографии, фановите на пејачот заклучија дека Саша Ковачевиќ еден ден ќе биде пример за татко на своите деца, а пред неколку дена и самиот истакна колку ја посакува таа улога.
– Реализацијата во улога на татко е дефинитивно мојата новогодишна желба. Јас сум на возраст кога дојде време за тоа. Мажите некако секогаш имаат време за татковство, но јас навистина би сакал тоа да се случи сега – изјави Ковачевиќ, кој изминатите неколку месеци ги помина во Атина работејќи на нови песни.