Кафе муабет

Роди три деца а изгледа како авион: Ана Севиќ ужива во Црна Гора, плати 3000 евра за неколку часа, а девојките може само да и завидуваат!

Изгледа совршено...

Пејачката Ана Севиќ потрошила 3.000 евра во Црна Гора за само четири часа. Имено таа престојувала во хотел во Будва со сопругот Даниел Недељковиќ и ќерките и синот, но завчера парот решил да ги остави децата со дадилки и да замине на луксузна забава во Порто Нови.

фото инстаграм/ана севиќ

– Ана и Даниел решија да се почестат! Отишле на луксузна плажа, каде неодамна бил Новак Ѓоковиќ.

фото инстаграм/ана севиќ

Уживале во скапо вино, азиска храна и добра музика, а тоа задоволство ги чинело дури 3.000 евра! – вели извор близок до пејачката, која се пофали на Инстаграм и позираше на лулашка над морето.

фото инстаграм/ана севиќ

Следбениците ја пофалиле дека за кратко време ја вратила линијата и изгледа како девојче, а Ана изјавила дека не и било тешко бидејќи постојано ги брка децата.

фото инстаграм/ана севиќ

– За неполни две години родив две деца, а богами не сум ни млада. Сена има само една и пол година, а Симеон пет месеци, но вие запаѓате во таа одредена фаза и ништо не ви е тешко. Лорена е постара и одговорна, секогаш е тука да помогне – изјави Севиќ.

фото инстаграм/ана севиќ

Ана Севиќ доби часовник од 50.000 евра од сопругот Даниел Недељковиќ кога го роди синот во март. Пејачката вели дека бизнисменот е нежен и внимателен од почетокот на нивната врска:

фото инстаграм/ана севиќ

– Од самиот почеток нашата љубов е посебна. Мојот сопруг секогаш се обидува да ме изненади!

фото инстаграм/Ана Севиќ

Ана Севиќ во март годинава се породи по трет пат, деновиве со семејството го минува одморот на море во Црна Гора, а фотографиите кои ги објави го одземаат здивот.

фото инстаграм/Ана Севиќ

Таа објави неколку фотографии од одморот во Црна Гора, а многумина забележаа дека изгледа подобро од било кога, со оглед на тоа што е мајка на три деца.

фото инстаграм/Ана Севиќ

Ана ужива во вториот брак, со бизнисменот Даниел Недељковиќ, со кој има две деца, ќерката Сена и синот Симеон, а од бракот со Дарко Лазиќ ја има најстарата наследничка Лорена.

фото инстаграм/Ана Севиќ

Таа одлично ја носеше бременоста и за кратко време го симна вишокот килограми, па ова лето гордо позира во бикини, а неодамна импресионираше со стомачните. Незнаеме дали е тоа поради добрата генетика или секојдневниот тренинг но она што е очигледно е дека Ана изгледа прекрасно во бикини и привлекува многу машки погледи.

фото инстаграм/Ана Севиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close