Кафе муабет

Рада Манојловиќ ќе стане мајка? Пејачката крие од семејството- конечно ќе и се исполни најголемата желба

Харис сака да биде со неа...

Многу нешта се пишуваа за разделбата на Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ а тие сега решија да дадат уште една шанса на љубовта но пејачката смета дека се уште е рано за тоа да дознае јавноста.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Иако се шпекулираше дека Харис брзо по раскинувањето завршил во прегратките на петнаесет години постара девојка, сепак изгледа сфатил дека љубовта кон Рада не може да помине така лесно па се вратил во прегратките на пејачката.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Парот ги разреши сите несогласувања и решија да се помират, но според пишувањата на медиумите вешто ја кријат својата врска бидејќи таткото на Рада Манојловиќ се противи и не го одобрува помирувањето бидејќи верува дека пејачот ја мамел ќерка му со години.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Неодамна Харис реши повторно да го освои срцето на пејачката и инсистираше да се види со неа, а постојано беа во контакт, а потоа се видоа.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Според изворот на магазинот „Стар“, веднаш штом дошол од Босна во Белград, Харис се упатил кон станот на Рада каде што воделе сериозен и многу долг разговор.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

– Се смирија Рада и Харис по долг разговор. Сфатиле каде грешат и дека емоциите се уште се присутни. Сепак, Рада јасно му кажала дека не сака да излегуваат со години, бидејќи веќе е доволно возрасна и сака да стане мајка, на што тој рекол дека сфатил дека сака се со неа. Сепак, тие се уште не сакаат јавно да ја признаат врската, а причината е таткото на Рада Манојловиќ. Тој е лут на Харис, верувајќи дека си играл со неговата ќерка и и ги потрошил годините. Најмногу сака да има внуче, а кога Рада ќе му каже дека е бремена со Харис, дури тогаш ќе омекне. Затоа решија да се гледаат исклучиво во нејзиниот стан, да видат како ќе продолжат да функционираат и дали има смисла новата шанса што си ја дадоа – изјавил добро упатен извор близок до пејачката и додал:

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

-Колку што знам, кога ќе завршат празниците, двајцата планираат да одат на одмор во Дубаи, за да се одморат и да се посветат еден на друг. Рада му порача на Харис да не му кажува на семејството дека се повторно заедно, туку да остави време се да се искристализира – заклучува изворот за „Стар“.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм
ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм
ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм
ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм
ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм
ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм
фото инстаграм/Харис Берковиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close