Новости

ПУТИН ИМА ВОНБРАЧНА ЌЕРКА СО ПОРАНЕШНА ХИГИЕНИЧАРКА?- Сличноста меѓу нив ќе ве изненади!

Овие гласини Путин се уште не ги потврдил

Веќе со недели се шушка дека Јелисавета Владимировна е ќерка на рускиот претседател Владимир Путин.

Foto: Profimedia

Путин, кој инаку е познат по тоа што добро ја крие приватноста и семејството, се уште не се огласил по овие гласини, само истакнал дека не ја познава Светлана со која го поврзуваат медиумите.

Како што објавија руските медиуми, наводно таа е плод на долгогодишната романса меѓу Путин и нејзината мајка Светлана Кривонога која е поранешна хигиеничарка.

Имено во медиумите кружеа гласини дека Светлана која денес е милионер, нејзиното богатство го стекнала токму поради негово покровителство.

Оваа вест неодамна ја потврдија и два извори блиски до Светлана кои истакнаа дека рускиот претседател Владимир Путин е нејзиниот мистериозен добродетел.

Инаку Јелисавета е родена во 2003 година, а наводно пред неколку години го сменила своето презиме. Таа денес има 17 години, а неверојатно наликува на рускиот претседател, објави рускиот истражувачки сајт „Проект“.

Fotoч Blic.rs

Наводно сајтот успеал да дојде до копии од документите на Јелисавета, извод од матична книга на родените, но нејзиниот татко не бил идентификуван на нив.

Нејзиното татково презиме е Владимировна.

Мајката на тинејџерката, Светлана Кривонога, е сопственик на компанија која поседува мал удел во Банката на Русија, што Западот го санкционираше по анексијата на Крим во 2014 година, поради врски со руската политичка елита.

Вкупната вредност на добро познатиот приватен и деловен имот на Кривоноги во Москва, Санкт Петербург и одморалиштето Сочи се проценува на 7,7 милијарди руби (околу 102 милиони долари).

Софтверот за препознавање на лице, наводно, покажал сличност помеѓу Путин и Јелисавета од 70,44 проценти. Сличноста од 75 проценти значи дека се работи за истата личност на фотографиите.

– Можеме да извлечеме заклучок дека постои поврзаност меѓу нив – рече научникот за визуелно сметање Хасан Угаљ, кој изврши анализа на лицето.

Сајтот објави дека наводно Јелисавета ги избришала сите фотографии од социјалните мрежи на кои се гледа нејзиното лице, откако новинарите ја контактирале нејзината мајка Светлана.

Од хигиеничарка до милионерка…

 

Светлана е родена во Санкт Петербург во 1975 година. За време на крајот на 90-тите години, таа работела како чистачка во продавница во близина на нејзиниот дом, додека студирала на Универзитетот за економија и финансии а дипломирала во 2000 година и набргу потоа се преселила со нејзината мајка од станот на елитниот остров Стоун во близина на Санкт Петербург, каде воглавно становите не се продаваат и во нив живеат луѓе блиски на Путин.

 

Три години подоцна, родена е Јелисавета.

Во тоа време, Светлана наводно станала сопственик на вредни акции, а во јавните книги не бил наведен ниту еден добродетел.

Сепак, меѓу најголемите акции се оние во Банката на Русија, која има врски со Путин и неговите пријатели.

Ова се ќерќите на Путин од бракот со Људмила

Путин беше во брак со Људмила Александровна, од 1983 година до 2013 година, а со неа ги доби ќерките Марија и Катерина.

Но интересно е тоа што рускуиот претседател никогаш и не потврдил дека тие се негови ќерки.

Марија е родена во 1985 година, во Ленинград (денешен Санкт Петерсбург), а Катерина година дена подоцна во Германија, каде Путин работеше за КГБ, пишува „Business Insider“.

 

Људмила во една прилика изјави дека Путин ги разгалил своите ќерки и дека таа е онаа што мора да биде строг родител.

Марија (33) заврши медицина. Таа денес живее во Москва со сопругот, и наводно има и дете.

Катерина (31) е акробатска танчерка.

 

Во 2013 година се омажи за милијардерот Кирил Шамалов, но се разделија на почетокот од оваа година.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close