Кафе муабет
ПУКНА ТИКВАТА?! Филип Живојиновиќ ги напушти Пријовиќ и синот- пејачката оставена „сама на себе“!
Она што е познато е дека Филип е на службено патување...
Младата пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ го привлекуваат вниманието на јавноста од моментот кога започнаа љубовна врска.
Во бракот го добија и синот Александар, на кого пејачката му е крајно посветена.
Но во последното интервју за „Телевизија Курир“ пејачката откри интересни детали од бракот.
Познато е дека мажите не сакаат да се мешаат во женската гардероба, но и љубоморни се кога жената ќе облече малку пократко здолниште, но Пријовиќ рече дека кај Филип е сосема поинаку:
– Воодушевен е кога ме гледа вака, ми вели дека изгледам одлично. Морам да го прашам за се и што и како мисли бидејки неговото мислење ми значи многу. Така е и вечерва. Мислам, штом го видов материјалот на фустанот, го прашав што мисли за тоа, така што неговото мислење секогаш ми значи, а посебно ми значи кога ќе ми каже дека изгледам одлично – рече Александра и ги шокираше сите.
Убавата пејачка поголемиот дел од слободното време го поминува со својот син, кој редовно оди во градинка, а како што одамна откри дека не знае да готви, сега посочи дека ништо не се променило на тоа поле.
– Навистина не минувам време во кујна. Не знам да готвам, но неодамна имав голема желба да подготвам полнети пиперки, и тие се покажаа одлично. А научив и како се прави пица, која баба ми ја подготвува и меси, но тоа не ме интересира, искрено – рече Александра.
Таа во неколку наврати истакна дека Филип е супер татко и и помага во грижата на нивниот син Александар.
– Тој е стабилна личност, тој е 10 години постар од мене и ме научи многу. Јас секогаш велам „здравјето е најважно“, но кога живеете со полн гас, тогаш не го мислите тоа. Сега здравјето е на прво место за сите. Порано би размислувала што да купа за баба ми и дедо ми кога ќе одам кај нив на гости, но сега мислам дали сум заразена, да не им го пренесам вирусот, заклучи пејачката во емисијата „Премиера – специјален викенд “.
„Јас сум сигурна дека го избрав вистинскиот партнер. Филип е свесен што значи мајката за едно дете. На децата им се потребни и двата родители, без разлика на тоа дали нивните патишта ќе се разделат“, истакна таа во една прилика.
Но она што сега ја заинтригира јавноста по што почнаа сомнежите дека парот не е во добри односи е последната објава на Филип.
Сите веќе се свесни дека ситуацијата со корона вирусот најтешко ги нападна естрадните уметници но сепак, како и со се, има исклучоци. Семејството Живојиновиќ имаат стекнато толку богатство што немаат потреба од работа, а живеат сосема удобно.
Сепак, Александра Пријовиќ, снаата на ова познато семејство, се уште работи, а сега се труди да заработи што повеќе.
Досега Александра и нејзиниот сопруг Филип беа неразделни, но сега е време за разделба.
Имено, Филип отпатувал во САД без сопругата и синот, од каде испрати поздрав до своите следбеници на нстаграм.
Се уште не се знае колку ќе остане, и дали е се во ред со нивната врска, но она што е познато е дека Филип е на службено патување.