Бебе

Психолозите предупредуваат: Овие ДВЕ РЕЧЕНИЦИ мајките никако не смеат да им ги кажат на своите синови!

И момчињата треба да плачат, не им го одземајте тоа право...

Иако сме 21 век сепак Балканот се уште е место каде може да се провлечат одредени “старомодни мислења и сфаќања”.

фото илустрација

Така на пример се уште се смета дека стабилно момче, подоцна маж, е тоа кое не покажува емоции или ги сокрива, а тоа е погрешно бидејќи и момчињата плачат и не треба тоа да им се одземе.

Верувањето дека синовите треба строго да се воспитуваат сè уште е вкоренето во нашето општество вели Николина Милосављевиќ, психолог и советник за родители.

фото илустрација

Сèтете се колку пати додека седите во паркот слушате реченици како: „Однесувај се како маж“, „Момците не плачат“, „Солзите се само за слабите“… Сепак, од друга страна, психолозите велат дека таквите ставови не се добри затоа што децата треба да се научат да покажуваат емоции. Тие ни помагаат да се поврземе со другите.

фото илустрација

– Кога велиме строго воспитување, зависи што мислиме со тоа. Ако го земеме предвид казнувањето под овој поим, многу студии покажаа дека казнувањето не е добра алатка за учење на детето на важни работи.

фото илустрација

Тоа води до тоа детето да биде тврдоглаво и да прави забранети работи кога никој не го гледа – открива Николина Милосављевиќ, психолог и советник за родители.

Без разлика на полот на детето, родителот треба да биде и доследен во исто време, но и нежен и сочувствителен. Со други зборови, дури и кога нешто му забранува на детето, треба да биде со него додека тoa негодува и да го поддржува.

фото илустрација

Статистиката покажува дека на жените почесто им се дијагностицираат психолошки болести, но дека, на пример, депресијата кај мажите се открива дури во подоцнежните фази.

Фото Илустрација

– Се верува дека тоа е така затоа што момчињата ги учат дека изразувањето емоции е слабост и дека треба да бидат силни. Затоа, кога ќе се појават мали емоционални проблеми, мажите често ги потиснуваат наместо да ги прифатат и да се соочат со нив. А кога ќе се потиснат емоциите, тогаш може да настанат посериозни психички нарушувања – вели Милосављевиќ, пренесува Жена.Блиц.

фото илустрација

Се разбира, важно е да се стремиме да бидеме емотивно стабилни и силни, но терминот емоционална стабилност и сила при воспитување момче е погрешен и се смета за неемотивен. Поточно, се смета дека стабилен маж е оној кој не покажува или ги задушува емоциите.

фото илустрација

– Емоционалната стабилност е вештина која ги учи како да се препознаат емоциите во моментот кога ќе се случат, да се именуваат и регулираат. Додека момчето не ги препознае и не знае како да ги именува своите чувства, не може правилно да ги регулира. Може само да ги потисне, што е лошо – објаснува Николина Милосављевиќ, психолог и советник за родители

фото илустрација

Затоа треба да им се дозволи на момчињата да плачат, бидејќи тоа е еден од начините на кои се ослободуваме од тешките емоции. Човекот е емотивно стабилен кога е во допир со своите емоции, кога знае да ги препознае и именува и да ги регулира. Тешките емоции, како што е тагата, може да се ослободат преку плачење, што го зајакнува човекот да продолжи да се соочува со животните проблеми.

фото илустрација

Во нашето општество често се истакнува дека е полесно да се воспитуваат девојчиња отколку момчиња но таа не се согласува бидејќи како што вели без разлика дали има ќерка или син, родителот нема да ја доживее тежината на воспитувањето врз основа на тоа. Многу повеќе зависи од тоа колку темпераментите на детето и родителите се совпаѓаат, односно не се совпаѓаат. Логично е дека, кога темпераментите се помалку слични, на родителот ќе му биде потешко да го разбере однесувањето на детето, што не значи дека родителот нема да биде успешен во воспитувањето .

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close