Бебе
Продаваат бебиња од Македонија по цена од 33.000 евра?
Американска страница за продажба на деца
Американска страница на интернет продава деца низ целиот свет.
Виртуелниот свет постои исто толку реално колку и вистинскиот, но во некои случаи дури е и многу посуров од овој нашиот.
На интернет се чини дека нема граници, а за оние кои имаат многу пари им е дозволено буквално се, па дури и да си купат бебе преку интернет.
Верувале или не, но купување бебе е многу слично како да нарачувате чевли преку веб-страница, само што наместо бројот и моделот што го сакате, ќе го изберете полот, возраста како и медицинската потреба!
Оваа интернет страница наводно е создадена во Алабама и има за цел да ги „спаси сите ранливи деца на светот“.
Американска страница за продажба на деца
Според пишувањето на српскиот портал „Ало“ кој ја пренесе оваа вест, како и според објавата на Саша Боројевиќ на неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук, можеме да дојдеме и до точната цена за тоа колку „вреди“ едно бебе од Србија, како и од Македонија.
На прашањето за општи информации за цените и деталите за купувањето, следуваше морничав одговор.
Цена на едно бебе од Србија или од Македонија чини 33.000 долари, од кои 12.000 американски долари ги презема агенцијата од Алабама, за трета недефинирана страна одат 13.000 долари, како и 8000 долари кои се наменети за патни трошоци.
Погледнете ја детално табелата со цени за деца по земја, а нивната цена е во долари.