Дом и семејство

Пријовиќ е бремена, овие детали ја издадоа?- Снаата не Брена не ја крие среќата, кажа што посакува за празниците

Сака да ги минува празниците со семејството...

Новогодишната еуфорија веќе започна а таа прилика пејачите ја користат за да ја известат јавноста каде ќе бидат за новогодишната ноќ.

фото инстаграм/Александра Пријовиќ

Така Александра Пријовиќ после долго време реши да застане пред новинарите и откри интересни детали.

фото инстаграм/Александра Пријовиќ

Александра Пријовиќ важи за една од најбараните и моментално една од најуспешните помлади пејачки а колку професионално ја доживува својата работа кажува и фактот што на своите обожаватели им вети дека на својот настап на први јануари ќе им приреди незаборавна забава.

фото инстаграм/Александра Пријовиќ

Александра откри како ќе ја помине „најлудата ноќ“.

фото инстаграм/Александра Пријовиќ

– Кога бев бремена, таа новогодишна ноќ ја поминав дома, додека речиси сите други беа на работа. Навикната сум на тоа, но затоа Божиќ е секогаш резервиран како семеен датум. Сепак, се навикнав, но тоа не значи дека не ми е тешко. Отсекогаш сум имала тешкотии поради тоа. Пред да се преселам во Белград, бев навикната секогаш да бидам со семејството на празници, но сега поминаа многу години од тогаш. Денеска секогаш ми е тешко кога морам да го оставам детето поради настап, па тоа не важи само за Нова година, но затоа ми е барем полесно да знам дека Филип е некој на кој секогаш можам да се потпрам кога станува збор за грижата за Аки – рече  Александра.

фото инстаграм/Александра Пријовиќ

Иако Александра својата кариера не ја градеше со скандали но медиумите некако секогаш ја ставаат во центарот на вниманието особено поради бракот со Филип Живојиновиќ.

фото инстаграм/Александра Пријовиќ

Неодамна пејачката ја шокираше јавноста кога зборуваше за пороците алкохол, коцкање…

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

– Секој од нас го имал своето најлудо пијанство, па така и јас. Пивото ме тераше да повраќам, но кога бев многу помлада. Јас навистина не сум алкохоличар. Почнав многу рано со овој бизнис, но не сум тип кој сака да излегува, никогаш не сум била заинтересирана за излегување и музика. Секако, понекогаш ми се допаѓа, па излегувањето секогаш го заменувам со прослави, каде што само се опуштам. Сакам да пијам, односно да потпивнувам. Сакам да пијам и пиво и ракија, но умерено. Не пијам за да бидам порасположена, но сакам да пијам – рече пејачката.

фото инстаграм/Александра Пријовиќ

– Веќе украсив се, вклучително и елката! Аки едвај чекаше, а деновиве се договоривме да му напишеме писмо на Дедо Мраз. Кога ќе спомнам друго бебе, тој вели дека сака брат, а не сестра. Не планирав ни кога дојде тој, па мислам дека така ќе биде и за другото, ќе биде како што треба да биде. Би сакала да имам девојче, но тоа не ми е толку важно. Сигурна сум дека нема да чекам долго. И близнаци може зошто да не, низ смеа рече Пријовиќ.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Пејачката за прв пат јавно проговори и за коцкањето и кога прв пат влегла во казино. Посочи дека имала среќа и дека имала добивка.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

– Да ви кажам искрено, отидов во Лас Вегас за прв пат во казино и можам да кажам дека многу ми се допадна. Кога дојдов во Белград, отидов неколку пати и тогаш од некои новинари слушнав дека се коцкам. Мене ми беше интересно, но не можам да го наречам тоа коцкање затоа што сигурно секој од нас имал можност на ваков начин да си ја проба среќата. Имаше добивки, не можам да се пожалам, имав среќа! Имаше и помали добивки, не сум голем коцкар, да вложувам големи суми – призна Пријовиќ и посочи дека последен пат во казино влегла пред повеќе од една година.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

– Последен пат бев можеби пред една година, овде во Белград. Не се плашам дека ќе се навлечам едноставно не сум таков човек, секогаш имам граница во се и се трудам во ништо да не претерувам. Ако знам дека нешто не е добро за мене, секогаш ќе го прекинам. Па сега се обидувам да се откажам од цигарите, бидејќи знам дека ми пречат. Се случуваше да не запалам осум месеци, а потоа се случи да отидам на настап, да се напијам пиво и барам цигара – открила Пријовиќ за Република.

фото инстаграм/александра пријовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close