Дом и семејство

Први фотографии со ќеркичката: Михајло Шаулиќ на прошетка со сопругата и малата Мања- гордиот татко не ја тргна насмевката од лицето

Уживаат во семејна прошетка..

Синот на Шабан Шаулиќ, Михајло Шаулиќ и неговата сопруга Марина станаа родители во јануари годинава, а на свет дојде девојчето на кое му го дадоа името Мања.

фото инстаграм/Михајло Шаулиќ

Инаку, името Мања е варијанта на името Марија, преземено од руски. Марија е латинска форма на хебрејското име „Миријам“.

фото инстаграм/Михајло Шаулиќ

Како името на мајката на Исус, името има симбол на чиста и длабока љубов. Значењето на самото име не е дефинитивно разјаснето.

фото инстаграм/Михајло Шаулиќ

Според постарите толкувања, името потекнува од хебрејскиот збор „мир“ = „горко“ и „јам“ = „море“, па значењето би било „горчината на морето“. Според последните толкувања, се претпоставува дека името го добива своето значење од египетското „mry“ што значи „моја сакана“.

фото инстаграм/Михајло Шаулиќ

Гордите родители заедно со наследничката моментално поминуваат време во Швајцарија, а сега после долго време се огласија на социјалните мрежи и покажаа како уживаат.

фото инстаграм/Марина Шаулиќ

Имено, семејството Шаулиќ го искористи сончевиот ден и замина на прошетка со својата ќерка, а патем направи и неколку фотографии кои Марина Шаулиќ ги објави на својот Инстаграм профил.

фото инстаграм/Марина Шаулиќ

-Моето мало семејство – напиша Марина во описот на фотографиите, а и двајцата блескаа и не ги тргнаа насмевките од своето лице што докажува колку уживаат во улога на родители.

фото инстаграм/Марина Шаулиќ

Да потсетиме, сопругата на Михајло Шаулиќ на 10 јануари ја роди ќерката Мања, а семејството Шаулиќ по тој повод организираше голема прослава која траеше до раните утрински часови.

фото инстаграм/Марина Шаулиќ

На прославата најсреќна била бабата Гоца Шаулиќ која открила дека се поминало баш како што сакал нејзиниот покоен сопруг.

фото инстаграм/Марина Шаулиќ

По големата тага која е присутна во нивниот дом речиси четири години, откако трагично почина кралот на народната музика, топлината во срцата и насмевките на лицата ја врати ќерката на Михајло Шаулиќ на чие доаѓање особено се радуваше на баба Гоца.
-Сите сме во шок од среќа, Мања ни е благослов. Сигурна сум дека денес Шабан би бил најсреќниот човек на светот бидејќи отсекогаш сакал да го види Михајло исполнет во улогата на татко. Сакам да се заблагодарам на нашата семејна пријателка, доцент доктор Ивана Ликиќ Лаѓевиќ, која го водеше породувањето. Во нејзиниот тим беше и докторот Игор Пилиќ, синот на професорот доктор Жарко Пилиќ, кој ме породи мене со Михајло пред 37 години – изјави за српскиот Курир гордата баба Гордана непосредно по раѓањето на внуката.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close